Среда, 09 Октомври 2019    Печати
Ој, Ти мајко Македони

Violeta Petkovska 1Виолета Петковска

Кој си Ти без Македонија!
Што си Ти без Македонија!
Можеш ли без Македонија!

Дали си Ти - Ти без неа!
Првиот сончев зрак
утрински,
кој ако не те погали со
топлина..
Можеш ли да живееш!

Ој, ти мајко Македонијо
што сум јас без тебе!

Можеш ли да дишеш ако
таа изутрина не ти се
насмевне со синото
небо македонско!

Можеш ли очи да отвориш
ако со утринската роса
не ги измиеш!
Ако, чај од мајчина душичка
душа не нахраниш.
Може ли денот со аир и
к'смет да го започнеш!

Ој, ти мајко Македонијо што сум
јас без тебе!

Македонија мајка на
Македонците!
Едно по едно не раѓала и
еднакво на сите љубов
ни давала!

Како цветови во рајски
градини се грижела!
Со птичји пој не заспивала!
Од планински студени
извори не поела!
Со љубов не хранела!

Ој, ти мајко Македонијо
што сум јас без тебе!

Македонија света земја
Библиска!
Мајка на Сонцето!
Мајка на сите велики
цареви и војсководачи!

Ој, ти мајко мила Македонијо,
ќе постоиме сите заедно
од искона до вечноста!