Среда, 05 Февруари 2020    Печати
Повторно те сонив

Biljana 2Биљана Челик

Повторно те сонив

спокојна,сакана,тивка
Те сонив со твоите златни полиња
Во сни го почуствував опојот на свежината на твоите планини
Го сонив развигорот кој нежно те милува
Ја чув и мелодијата на изворот,шумот на реките и спокојот на езерата
Те сонив огреана со Македонско Сонце
Те сонив со мека прекривка од ѕвезденото небо
И, посакувам веќе да не те сонувам.
Посакувам повторно да те доживеам со твојата вистинска лика и личотија единствена моја МАКЕДОНИЈО.

Biljana 1