Среда, 22 Април 2020    Печати
СТРАЖАРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА БИДНИНА И НЕПОКОР

Savo

Биди горда земјо на твојот народ
стражари те чуваат од памтивек од века,
биди ни спокојна и спокојно живеј
и веруј дека светла иднина те чека.

Слогата во нас најмногу ни вреди
слогата во нас е најјаката сила
а тоа е аманетот на нашите предци
аманет за живот и слобода мила.

Ние сме народ со име, јазик и култура
и не даваме никој ништо да ни оспорува,
штом светот нè знае за древна земја
затоа истрајот наш секогаш победува.

А така не учеше вечниот комитски глас
како татковината да ја сакаме и да ја браниме,
заедно и сложно со востанички дух
за секогаш славно да ја одбраниме.

Не замолкнува ехото на вечниот глас
штом со љубовта на срцето се слуша,
а тоа е љубовта кон татковината
со слободарска комитска душа.

Обврска е на сите да бидеме будни
татковинската љубов да не ни побледува,
со стамени чекори да одиме напред
правдата секогаш има да победува.

Македонствувај така народе македонски
во душата и срцето со непокор и истрај,
секој да се чувствува на горд патриот
и тогаш кога неправдите си немаат крај.

Биди горда земјо со твојот народ
те чувале, те чуваме и ќе те чуваат,
твоите комити, илинденци и асномци борци
во свеста со непокор и да не порекнуваат.

Верујте дека и ова безумно премрежје  
засекогаш во неповрат ќе мине,
ќе дојде и часот гласно да запееме
МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕМА ДА ЗАГИНЕ.

(Инспириран според говорот
на Манојил-Мане Јаковлески
одржан на 2 август 2017 год. во Крушево)

Саво Костадиноски