Среда, 23 Декември 2020    Печати
Каролина Ристеска: МОЌТА НА СОНЦЕТО

Karolina Risteska

МОЌТА НА СОНЦЕТО

Застана Дуко

На вишното поле

И ги крена

Рацете високо,

Се распосла црвената боја,

Се ожари сонцето на неа,

А тој в мигот викна

на силен глас македонски:

ЖИВА Е МАКЕДОНИЈА!!!

Господ да ја благослови за навек.

 

Каролина Ристеска

Торонто, Канада