Среда, 11 Август 2021    Печати
Илинден

116424102 213735670015156 7163342259002239361 n

Илинден

Биете камбани, славете Македонци

Спомнете ги славните јунаци,

Гоце Делчев, Питу Гули, Дамјан Груев, Сандански,

Нашите славни комити.

 

Животи свој не жалеа

За Македонија крвта ја пролеајаа,

1903 на Мечкин камен Македонско знаме

Високо се завиори,

Легендата за нив нема да се заборави.

 

За Крушево славно цел свет слушна

Слободна да е Македонија

Комитска желба не била пуста,

За век Илинден да се слави

Македонци гордо кренете глави.

 

Векови мина но настанот живее

Во Трново и на Мечкин камен,

Секоја година на Илинден

Македонци се собираат,

за славните комите зборуваат,

Под ведро небо им се поклонуваат,

Завет даваат,

дека Македонија и Македонско име,

За на век ќе чуваат.

 

Автор,    Оливера Јовановска