|
||||
САВО КОСТАДИНОВСКИ : АЦО КАРАМАНОВ |
САВО КОСТАДИНОВСКИ : АЦО КАРАМАНОВ Колку подлабоко тонам во историјата на Македонија толку поблиску сум до срцето на татковината и толку повеќе ја разбирам љубовта на народот која се римува со неспокојното време на Ацо Караманов небаре и јас кога би бил со неговата душа со огнен копнеж злокобно би пекал по слободата Историјата нема непрочитани времиња а и тие најмрачните кои од поет до поет се прелевале со мислите за слобода и во злодоба на непоетско време нивните стихови воинствено плетеле револтни дела безрезервно да раскажуваат за безумието штом поетите со песните повечни се и од вековите. |