Среда, 27 Септември 2023    Печати
СЛОБОДАТА ДА Е ВЕЧНА

91 СЛОБОДАТА ДА Е ВЕЧНА

8 - ми септември Илинден втор

Денес славиме,

За век и векови да се слави

Се ќе направимe ние Македонците.

 

Светот нека знае Македонија слави

Цврсто чекориме по стапките,

На Даме, Гоце, и Карпош

Гордо со кренати глави. 

 

Слобода, слободата да ни е вечна!

Македонија како сонцето да е единствена

Таа била таинствена, со векови воинствена,

Но останала непокорена, достоинствена.

 

Затоа 8 - ми септември е круна на слободата

На сиот глас ти ја пееме,

,,За многу години Македонци каде и да сте“,

Вечна да е слободата на Македонија!

 

Автор: Оливера Јовановска, Мелбурне - Австалија