|

КИРИЛ КАНГОВ
ОД ГОРДИОН ДО ГОРДИНИЈАНиз кралскиот пат на Бригија
Да прошеташ и да ги видиш Овошните градини на кралот Гордие Да влезеш во престолнината Гордион Да поминеш покрај колата со јазол На кралот Мита и да разбереш Дека од тука поминал Првиот светски поход.
Со сознание восхитен Да нурнеш во најдалечните Длабини на праизворот Да видиш, да сфатиш дека Постои причинска врска Од која вистина прска: Гордоста е самодоверба Од самостојност и доблест Горделивоста е краста Од туѓо, лажно и незаслужено.
Во Гординија гордо извишена На Вардарски рид, со јасен вид Гордан и Гордана млади археолози Камен по камен , плочка по плочка Пребаруваат, прередуваат Ја одгатнуваат историјата Дека од оваа земја тргнал Првиот светски поход. |