Среда, 26 Март 2025    Печати
Марија Воденска: ТЕШКОТО СО КОНЕСКИ!

Marija Vodenska copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Наниз стихови се редат, ,
ко да е денес, молкум и редум
во поворка црна кроце се движат,
капнати солзи ничкосани глави.


Сал молкот се слуша во студени гради,
Огнови во немоќ на рамена тежат
молкум насолзени патот го врват.


За младенци во огнот тагата тежи
в’ гробој ладни денес ќе ѕиркат,
душите страдни за белина мрачна


О ТЕШКОТО, ТЕШКОТО Е ДЕНЕС
Македонија црна во мрак се дави
Колоната тажна со јад ја зави
ко' тогаш и сега во пламен и чад
избезумен викот во очај и мрак,
згаснаа млади во огнови бесни


О, ТЕШКОТО, ТЕШКОТО...
Денес ко' во стихови дамна
оловна тага над плеќи падна
се влече колоната жална
кон неврат, изгубена надеж
нарамена болка насолзена бездна
О, ТЕШКОТО, ТЕШКОТО, МАКЕДОНИЈО!…

(На жртвите изгорени во Кочани)

КОЧАНИ, 16 МАРТ, НЕДЕЛА 2025 г.