Среда, 05 Ноември 2025    Печати
СРЕЌНО ПОНЕДЕЛНИЧКИ, МАКЕДОНОЉУПЦИ

2 copy copy copy copy copy

Р. Христовска ("По патот на заветот")

МОЈОТ НАРОД

Овој народ овде

што го горат на клада

а тој и кога гори пее,

таков е, од родот мој е.

 

Оваа жива прашина

што паѓа од небесата

и ја покрива земјата

е пепел од душата негова.

 

А од неа 'рти семе

на љубов што мириса,

и штира земја да е

ќе ја оплоди и ќе роди.

 

Овој народ страден

што го газат

и го парчат,

што го корнат

да го сотрат,

кога чиниш умира

и душа собира,

тој пак се исправа

и со корка лебец

век со век врзува.

 

И плаче и лелека,

и трпи и крпи

и пак се крсти

и свеќи пали пред икони.

 

Клетви стега в грло

а молитви шепоти,

Бог да го поведе

без земја да не остане.

 

Овој народ, родот мој е.