Среда, 14 Јануари 2026    Печати
Василичарски песни

1stara-nova-godina

Василичарски песни

Низ песната се искажуваат многу убави желби и благослови за родна година:

Сурова, сурова година
голем клас на нива,
голем грозд на лоза
жолт мамул на леса,
живо здраво до година.
до година до амина.

Василичарска песна

По мене бабо, по мене,
како струпска ертица,
како прилепска ножница,
сурва, сурва година.
Сурва, сурва година,
голем клас на нива,
голем грозд на лозје,
жолт мамул на леса,
црвено јаболко в градина,
живо-здраво до година,
до година до амина,
пара, пара домаќине!

Народна песна

- Сива, сива Василица,
каде си се осивила?
- Тамо долу на Бел Дунав!
- Што имаше, што немаше?
- Ми имаше златна чаша,
златна чаша канатица,
ми канеше слава Божа,
слава Божа и Божика.
Божик ми е небото,
слава му е на земјата!
Оооооо и в година!

Благослов
Колку трна, претрна,
толку амбари пчејнца!
Колку капки сланина,
толку прасци в кочина!
Колку трошки сирење
толку јагниња, јариња!
Колку писма, преписма,
толку синчиња, ќерчиња!