|
Од далечнините модри се веат на сонцето златните далги, од далечнините модри се леат на утринта росните влаги. Под долги, меки ширини рамни магла се танка крева и по селата мали - заспали шумоли скришно врева. Шумоли - в срце тага налева за црноземните робjа, шумоли скришно за мртви поља за села и градови - гробjа. Ех, тија долги ширини рамни! Ех, тaja мака пуста! Мртви и темни сурови гламњи скршена гранка маслинка! По тиja пот се човечка дими и снага крвава цвили, по тијa радост никого нема а сонце радосно има! Но тиja росни утрини пресни копнат во гради и тлеат. Копнат и како бура пеат и како огин палат.
Кочо Рацин
|