|

Еве ја таа проста земја
од дволичен камен и сонце Децата уште незаодени каде откопуваат лобањи по градините Еве ја таа проста земја од пајажина и од води Мудро слободата кај што ги запишува селските имиња Место икони по црквите И каде летото како судбина Трае до последниот востанат Еве ја таа проста земја од заморено дишење и од молк Низ која времето одминува и пак се враќа Со неа да го сподели лажното траење. О, еве ја таа проста земја од грч и од чекање Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски А никој не ја знае. |