|
||||
Пеш по светот/ Глас од Македонија |
О, трајте, трајте, тирани недни! Доста се тија лаги и злоба - пакосен глас од устите гадни над мојот народ у секоја доба. Та ете веќ векови цели писка и стенка од волци гости - за брата вијат кој да го дели за да му глода сувите коски. Па нека сега сам да си реши со своја волја судба и сева, в животот еднаш сам да се теши, д'издигне славно свој род без врева. Та Шар и Пирин дружно да викнат родната песна в небеса темни и бурниот Егеј - на век да плиска тешкиот глас на новите химни. |