Среда, 03 Август 2011    Печати
Вистина

Непотребно ЕУ не тревожи,
дека ќе пропадне утрото наше,
таа кружи околу нас,
со своето бледило и пакост,
безвредна игра,игра‘
од дното на душата се смеам,
мисли дека пукнатини
во нас ќе создаде,
но Македонија е светулка,
таа е истрајна и достојна.
Врз Македонија ни сенка
не смее да има,
тајната на Македонија
ореолите наши,
тајната на Македонија
завештенија наши,
тајната на Македонија
духот древен,
тајната на Македонија
зракот сончев,
тајната на Македонија
македонскиот јазик,
тајната на Македонија
Македонски народ,
тајната на Македонија
нема тајна скриена.