|
||||
Време на ветрови |
Илија Крбалески Крепка ѕвездо на вечните патишта Смогни ја твојата сеземна сила Од сите согорени времиња Направи химна од гордиот плач На тагозвучната ни песна . Ветру вжештен Студена стихијо Толку светост згасна в молк Најкрик песна-најжар жетва Пелин поле-оган небо Dесет Илинденски ноќи Во црешовиот сон. Каде е Апостоле Нашето мудро поле Да ни цути благозаветниот ни оган. Стемнет здив на суви ветрови Студен бакнеж-жешка коба Скудна голтка-жешко пладне. О Време! Отвори го ковчегот заветен Ослободи ги моштите несмирени Растерај скрби и прокоби Светлината дно да најде Кога ветриштата ќе стивнат. |