|

Нема ли живот, нема ли љубов за живот голема...
Нема ли живот, нема ли љубов за живот голема, љубов за живот човечна у вија гради аргатски? Нема ли срце, нема ли срце – на срце срцето, срце – ширини широко срце – длабини длабоко – цел свет да збере, па да е за вија гради малечко? Нема ли бел ден, нема ли ден да е над деновите, ден да е на аргатите – ден – сонце вишен високо ден – море ширен широко, сонце да запре, да стои и времето зачудено: срцето пука обрачи и плиска знаме алово, срцето што се отвара и шири ширно широко – целиот свет да загрне! |