|
Да се поткачам на падините на Водно и да се провикнам со силен глас!
О, Мир на Илијада, ко прстен на целава вселена да и подарам.
О, Мир венчание; на хуманиот снег!
О, Мир ти невестинска земјо во среќна иднина да растеш ко букет цвеќе!
Да се поткачам на висините на Пирински во царството комитско, и да рукнам, со гласот на војводите, та да ме чуе целиот Атлас!
Да идам таму уште подолу крај Егејот разбрануван, та да се накачам на планината Олимп, та да го подземам копјето старо на царот наш на војсководец Џин. На копјето долго до небеса даго закитам знамето на вечната светлина и сетнето да идам во Струга стара, на мостот над реката распрострен што ги поврзува времињата далечни и блиски, а светот да се затиши за минута за да го слушне мојот глас.
О, Мир на Илиада! О, Мир на Илинденски век О, Мир на Атомската ера О, Мир на Човечкиот свет!
Да се упатиме сите во Маслинестата гора на молитва, за борба и за живот, за да сплетем венецот на чест и збор и сетне да запалиме по свеќа за сите, за да ни засветува по патот на праведните со песната на вечното евангелие!
О, Мир во Маслинестата гора, О, Мир Дева Македонијо ОМИР, ОМИР И ИЛЈАДА ДА ОДБРОИМ!!! КО МИРОНОСЦИ ВО СВЕТОТ НЕКА ПОСТОИМ!...
Ефтим Ефтимов 13.08.1991, Австралија
|