Среда, 06 Јули 2022    Печати
Болен лежи Миле Поп Јорданов

Mile-pop-JordanovБолен ми лежи Миле Поп Орданов
над глава му стои стара му мајка,
жално го жали, милно го плачи.

Стани ми, стани, мое мило чедо,
твојте другари по сокаци одат,
жални песни пеат, тебе те спомнуват.

Бог да го прости Миле Поп Орданов,
Миле Поп Јорданов за народ загина,
за народ загина, за Македонија.

Неговите сестри в' црно облечени,
свадба ќе прават, брата ќе женат,
брата ќе женат за Македонија.

Неговата мајка в' црно облечена,
свадба ќе прави, сина ќе жени,
сина ќе жени за Македонија.