|
||||
Просечните месечни примања на помошниците обвинители на Катица Јанева во СЈО се 220-260.000 денари |
Александар Пандов Од стаусот на Антонио Милошоски дознаваме дека платите во СЈО: Јавно е познат мојот став кон овие паразити и тоа дека СЈО е партиско дувло, меѓутоа еве вие од СДС, шарени, невладини, Сорос, кога ги читате нивните приходи и им дававте поддршка, мајку му нели ви е мука кога знаете колку години, време и здравје сте вложиле како опозиционери во борба против тогашната власт, за да овие на готово ги донесете и гледате како биле ,,наградени'', а вашата сегашна моментална финансиска ситуација и сами знаете каква е! Прифатливо ли ви е после се што ,,свршија'' како работа изминатите четри години, што исфактурираа 15.000.000 милиони евра, пари кои да ве потсетам не се само на небањати вмровци. Не, не тие пари не се бележани со партиска, национална или верска ознака, тие пари се од сите нас, граѓаните на Република Македонија. Кога човек го познава менталниот рекетарски склоп на Катица ,,првата дама'' во СЈО, од нејзе избраните заменички и какви се ,,бургии'' се вработени таму, дозволете основано да се сомневам дека покрај погоре напишаните примања, оваа багра, братски мацала од секоја нарачка и исплата, почнувајќи од набавка на хартија, тонери и кертриџи, до гориво, дневници, кирии и што се не. Па да прашам, додека Македонците скенираат фискални сметки, се планира ли и кога во СЈО ќе влезе независен финансиски ревизор да ни каже како и за што се друго се трошени народните пари? |