Среда, 01 Јули 2020    Печати
Во првите 100 дена директно владата на ВМРО-ДППМНЕ ќе донесе три сериозни, големи мултинационални компании

1hmzaev

Имаме план за првите сто дена откако ќе ја преземеме власта, најавувам веднаш три нови инвестиции

Имаме јасна методологија , имаме концепт, имаме политики кои ќе ги преземеме уште во првите 100 дена и можам да најавам дека во првите 100 дена директно владата на ВМРО-ДППМНЕ ќе донесе три сериозни, големи мултинационални компании, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ дуелот на 24 телевизија.

Тој потенцираше дека идната влада ќе биде влада која ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе биде влада во која ќе имаме раст на плати, на пензиите, вистински инвестициски бум, за разлика од владата на Заев која не постави на дното во регионот и Европа.

- Зоран Заев изминативе три години на почетокот на секоја година најавуваше инвестициски бум и економијата дека ќе ни цутела. Но за жал ние секоја година бевме на дното, не само во Европа и на Балканот, нагласи Мицкоски.

Мицкоски по прашањето кој би се нашол со нив во коалиција рече дека ќе коалицира со секој оној со кој што програмата ќе биде компатибилна со програмата на коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, односно ќе ги прифатат политиките на ВМРО-ДПМНЕ,

- Можеби ќе има и од пратеничкиот состав на коалицијата која ја предводи СДСМ имајќи ги предвид разговорите во овој предизборен период, ништо чудно да се приклучат и да ја поддржат политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски заклучи дека македонските граѓани треба да бидат среќни затоа што СДСМ на овие избори ги очекува  најголем пораз.