|
||||
Мицкоски ја консолидира партијата и понуди програма и план за иднината |
Светислав Васев
Христијан Мицкоски е човекот кој ВМРО-ДПМНЕ ја извади од калта и тоа го знаат сите кои денеска од разни мотиви, со кои само му слугуваат на Заев, го напаѓаат.
Дел од луѓето кои го плукаат се виновни за меѓународната изолација во која ја оставија партијата по 2016 година.
Мицкоски дојде и 1 година се бореше да го поправи имиџот на ВМРО-ДПМНЕ надвор. Згора на тоа дома имаше само удари, од истите тие кои сега делат лекции.
Дополнително се соочи со партија во долгови, и со заостанати сметки за струја и вода. И да, после одреден период ВМРО застана на нозе.
Мицкоски ја консолидира партијата и понуди програма и план за иднината.
Сите кои сега плукаат имаа шанса да се вклучат и да допринесат за ВМРО, но тоа не беше случај. Три години со прст не мрднаа да му помогнат на Мицкоски и јавно да се борат со Заев, напротив молчеа. Сите до еден!
Епа како што молчеа тогаш, и не помогнаа, подобро би било да молчат и сега и да не одмагаат. Зошто во спротивно само ја потврдуваат реалноста дека единствено и реално му слугуваат на Заев.
|