Четврток, 13 Август 2020    PDF Печати Е-пошта
На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, се убиени пет струмички студенти

1strumicki-studentiНа 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт дека сакаат да бегаат преку граница, убиени се пет струмички студенти, членови на ВМРО, и тоа: Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев, Ѓорѓи Јарамов и Ѓорѓи Костуранов. 

Случајот со петте струмички студенти кои една августовска вечер во 1951 година беа насилно собрани од струмичкото корзо, оттргнати од прегратките на своите девојки, одведени кон границата и свирепо убиени по наредба на месен комунистички функционер.

Нивната идеја била слободна, независна Македонија. Идеја која не и се допаѓала на тогашната власт. По убиството се прогласени народни непријатели.

Тој настан беше табу тема се до 1991 кога прв пат се одржа парастос за покој на нивните души.

Од повоена комунистичка Македонија до 1990 г. се истражуваше и се пишуваше само за жртвите на фашистичкиот режим, а пристапот до документите за жртвите на комунистичкиот режим не беше дозволен.

До 1990 г. не се истражуваше за одведените 820 лица на Голи Оток , каде што „живите им завидуваа на мртвите”, за мистериозните убиства на скопското Кале, за масовните убиства во Куманово - при што недотепаните живи закопани ги молеле своите џелати да ги дотепаат, за Ресен во 1945, за 53 стрелани без судење во Велес 1945, за бројните поединечни убиства, затворања, интернирања за Чулев, Брашнаров, Шатев, Ченто, Пирузе, Фотев, Анастасов, Марковски, порачаното убиство на Лена Стојчевска.

Слава им на сите кои се бореа и загинаа за самостојна Македонија.

 

На прво место

News image

Сузана Сурловски: БУГАРИЈА ПОВТОРНО СО НЕГИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Сузана Сурловски: БУГАРИЈА ПОВТОРНО СО НЕГИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Историја

News image

Една земја на југот ќе се покаже како многу важна!

Ова пророштво потекнува од 17 век, негов автор е еден германски свештеник, а сега е објавено во...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОА (4)

За одбележување е тоа што во 2020 година се навршија ...

Култура и туризам

News image

Чувај ја верата и никогаш немој да ми го заборавиш мојот манастир

ВО ТЕТОВСКО – ГОСТИВАРСКАТА ЕПАРХИЈА ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ БРОЈ НА ЕПАХИСКОТО СПИСАНИЕ “ОГЛЕДАЛО“

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (40)

БОРБАТА КАЈ АДА КРЧЕДИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.