Вторник, 16 Ноември 2021    PDF Печати Е-пошта
Заев сам себе се пушти низ вода, Македонија е најкриминална држава во Европа

16.11.2021

Заев сам себе се пушти низ вода, Македонија е најкриминална држава во Европа, народот е разочаран, катастрофална се справуваме со ковид пандемијата

Заев сам себе се пушти низ вода кога се навлече на криминал и корупција, а Македонија ја направи најкриминална и најкорупмирана држава во Европа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Добро утро Србија“ на Хепи ТВ, додавајќи дека Заев не испорача ништо од ветувањата дадени пред македонските граѓани.

Македонија е најкриминална држава во Европа во моментов, на последното рангирање на Транспаренси Интернешнл Македонија е 111 место, што значи дека нема покорумпирана и покриминална држава од Македонија, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна Народот живее бедно и е разочаран и дека ако пред 5 години бевме најдобри по странски инвестиции, сега нема никакви.

- Во 2015 година на истата листа каде што сме сега најкорумпирани и најкриминални на 111 место, бевме најдобри на Балканот со најниска корупција и криминал и бевме околу 62 место, бевме подобри од Хрватска, Грција, Албанија, Бугарија. Што се однесува до инвестициите секоја недела се отвораше нова фабрика, а сега после 52  месеци влада на СДСМ не гледаме некој да инвестира, а дури домашните компании не го прават тоа, рече Мицкоски.

Воедно тој посочи дека власта е катастрофална на секое поле вклучително и со ковид пандемијата каде сме на врвот по починати луѓе во светот.

- Имаме катастрофа во справувањето со ковид пандемијата и можеби сме во топ 3 земји во светот кои се на врвот по починати од пандемијата. Во април и мај не бевме во можност прописно да се вакцинираме, затоа што немаше вакцини, а да не беа донациите од Србија и другите ни тие кои беше најпотребно да се вакцинираат немаше да бидат вакциниран, нагласи Мицкоски.

 

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.