Петок, 19 Ноември 2021    PDF Печати Е-пошта
На народот му е доста од крадење

19.11.20212

Мицкоски: Сиромашни влегуваат во политиката, богати си заминуваат, секој кој се огрешил кон законите ќе си одговара и тоа важи за сите

На народот му е доста од крадење, не може сиромашни да влегуваат во политика, а потоа богати да си заминуваат со возен парк од милиони евра. Секој што се огрешил пред законите треба да одговара и тоа мора да важи за сите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Мицкоски истакна дека оваа власт нема намера да понесе одговорност затоа што тоа се картели кои меѓу себе си местат тендери и затоа еден со друг не можат да си побараат одговорност.

- Погледнете го социјалниот статус на тие луѓе кога влегуваат во политика и на функции и погледнете кога излегуваат. Влегуваат како сиромашни, а излегуваат како мултимилионери. Сите кои се огрешиле пред законот и народот треба да одговараат без разлика кои се. Јавно кажувам дека секој што се огрешил треба да одговара пред закон. Владеењето на правото и законите треба да биде неприкосновено, јас да бидам осуден нема да барам амнестија, ќе си го докажам тоа во фер и судска постапка, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека дали ние имаме проблем со обвинителските и судски постапки, тоа е вредно за дискусија, бидејќи резултатите од тоа излегоа на една ранг листа каде што сме 15 места подолу од претходната година, 111 сме на Транспаренси Интернешнл според корупција и криминал и дека конечно борбата против криминалот мора да профункционира.

- Ако сакаме да имаме функционална држава мора да кажеме преку системот дека борбата со криминал и корупција ќе биде бескомпромисна, нагласи Мицкоски. 

 

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.