Недела, 31 Декември 2023    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ: 365 дена, 365 скандали на власта на ДУИ и СДС
1vmro 9
 
ВМРО-ДПМНЕ: 365 дена, 365 скандали на власта на ДУИ и СДС, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме
 
Поминува уште една година власт на ДУИ и СДС, година на скандали, корупција и криминал. Оваа година во речиси сите 365 дена имаше по една криминална афера, а некогаш и по две или три дневно. Сите тие придонесоа Македонија уште повеќе да потоне во сиромаштија и безперспективност.
 
Оваа 2023 година ја одбележаа скандали поврзани со изградбата на коридорите, кога на фирма со дејност производство на долна облека и беше доделена задача да врши надзор на најголемиот инфраструктурен проект. Во истата насока беа исплатени и баснословни хонорари, стотици милиони евра за почеток на градежните работи и после речиси цела една година нема ниту една лопата асфалт фрлено, ниту еден метар автопат реализирано. 
 
Ама затоа во оваа година семејството на вицепремиерот Артан Груби се стекна со екстра луксузен деловен простор на улица Македонија, а семејството на премиерот Ковачевски со супер поволни бенефити за својот семеен бизнис со фотоволтаици. 
 
Не помалку беше успешна годината и за семејството на Али Ахмети, чиј внук Дрин Ахмети стана сопственик на повеќе од третина од трговскиот центар Соравија без да вложи ниту денар. Друга компанија пак блиска до Артан Груби стекна во сопственост хотел на Попова Шапка по цена од еднособен стан во Скопје.
 
Успешна беше 2023 година и за семејството на Бочварски, кој наместо да се фокусира на доизградбата на автопатот кон Охрид бил зафатен со влегување во бизнисот со производство на струја во кој веќе половина сегашни и идни функционери на власта беа длабоко навлезени. Дури и двата километри автопат кон Блаце станаа сага без крај, а да не зборуваме за железничкиот сообраќај кој целосно замре. Или нема возови, или има возови нема гориво, или нема плата, или некој мост попуштил или нема електрична енергија. Џабе стануваше Благој да го види сала, џабе потпишуваше меморандуми, кога еден инфраструктурен проект немаат реализирано а се веќе 7 години власт.
 
Оваа година што изминува беше успешна и за фирмите поврзани со ДУИ. Граѓаните на Тетово секој ден поминуваат покрај дупката која требаше да биде фабрика за електрични автомобили и за која власта одвои 43 милиони евра помош. Милиони евра од јавни тендери завршуваа кај донаторите на партијата на власт за тендери од уредување на спортска сала, канализација, градење на полициски станици, па до печатење на свидетелства и книги кои по правило доцнат или ги нема. И за ова немаше никаква, ни кривична, ни политичка одговорност.
 
Криминалот и корупцијата на оваа власт добија епски размери и затоа беа забележани и во извештајот на ЕК.
 
Впрочем функционерите на власта еден по еден почнаа да се редат и на црна листа и за тоа нема апсолутно никаква реакција од страна на домашните институции, а не пак некаква морална одговорност од самите нив. Обвинителството на чело со Ислам Абази и Љубомир Јовевски при очи се правеа слепи на сеопштиот грабеж, затоа што првиот на врат буквално ги има ДУИ и Ахмети, а вториот е седнат во скутот на власта чекајќи го својот избор за уставниот суд. Обвинителството наместо орган за гонење на криминалот, се претвори во консилиере на мафијата. А граѓаните, граѓаните криминалот на власта го плаќаат со својот живот. Грозоморниот случај со онкологија само потврди дека оваа власт може да ги забошоти во правните лавиринти сите оние афери кои однесоа толку многу човечки животи. И за Онкологија, како и за Беса Транс, како и За модуларната, како и за Ласкарци, или нема правна разрешница или се наоѓа кабелот како виновник. Тоа што постојат сведоштва дека лековите за најтешко болните завршувале на црниот пазар или во соседните земји, а на пациентите им бил даван само физиолошки раствор,не беше доволно институциите да работат сериозно за да се открие овој криминал, па затоа случајот после 4 месеци сеуште тапка во предистрага.
 
Исто така, убиствата и крвавите пресметки во Македонија станаа секојдневие. Од убиствата во Шиша Бар, преку убиствата во Косово и Ханиоти, па до престрелката во Ист Гејт нема никаква разрешница.
 
Подземјето стана надземје, затоа што имаа тесни конекции во власта. Спасовски безочно ја лажеше јавноста со цел да ги прикрие неспособноста и пропустите на МВР во случајот со двојното убиство на малата Вања и велешанецот Панче. Безбедносните структури и можеа да спречат барем едно, ако не и двете убиства, доколку си ја работеа работата и не дозволуваа неказнивост.
 
Очигледно 2023 година била успешна за власта на ДУИ и СДС во поглед на криминалот и корупцијата, но катастрофална за народот, економијата и стопанството. Заради целосниот распад на системот кој се случува, граѓаните се иселуваат како никогаш досега. Власта на ДУИ и СДС со своите катастрофални политики доведе на работ на сиромаштија околу 600 илјади граѓани, а 80 илјади во екстремна сиромаштија. Затоа и 215 илјади работоспособни лица во само неколку квартали ја напуштија Македонија и заминаа да работат и да придонесуваат во странство. Македонија со ДУИ и СДС стана црна дупка во регионот. 
 
За 2023 година Македонија од сите земји во западен Балкан ќе има најмал раст на БДП од катастрофални 1,8%, што е двојно полошо од останатите. Исто така на ниво на 7 години, односно Македонија во овој период на оваа власт напреднала кумулативно само 20%, а од 2017 до 2023 година, Босна и Херцеговина има 42% раст на БДП по глава на жител, Србија 50%, Бугарија 64%, Албанија 52%.
 
Едноставно кажано во Македонија никогаш не се живеело полошо од сега со оваа власт на ДУи и СДС. Затоа важно е да ги поразиме!
 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.