Среда, 14 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
Денес 14 февруар во Зубовце ќе се одбележи обредното закројување на лозјата во чест на Св.Трифун

1tri9114 февруар (Сред) во 10.00 ч кај Крстот во Зубовце,

11.00 во главната Црква „Св. Огнена Марина“

Свети Трифун во Зубовце се слави и како именден, во куќи каде што има крстено со име Трифун,Трифе...

Во чест на Св.Трифун заштитникот на лозјата и градините, како и секогаш така и годинава во присуство на свештеник и молитва, најпрво ќе се закројат лозите, а потоа во главната Црква „Света Огнена Марина“ со надалеку познатите зубовски колбаси, црвеното вино и ракија, како главни белези на овој ден, верниците ќе го прослават Св.Трифун со верба дека и годинава ќе ги заштити плодните ниви кои ќе дадат богат и квалитетен род.

Карактеристично за закројувањето на зубовските лози во минатото е тоа што, додека оделе да ги закројуваат виновите лози, со себе секој си носел ракија, домашно вино, пржени Зубовски колбаси со сушени пиперки и јајца, откога ќе ги закроеле лозјата секој во своето лозје јадел а потоа се собирале во групи и продолжувале со пиење.

Зубовчани, скоро редовно знаеле да се напијат “машки“ за овој празник.

Двајцата кумови кои беа избрани мината година (Нашиот покоен брат Слободан Мане Атанасовски од Скопско Драчево, во негова чест ќе присуствуваат негови другари и пријатели) и Орце Николоски од Зубовце, ќе го предадат кумството на други двајца кумови за идната година.

Еден од кумовите што ќе биде избран ќе биде зубовчанец, а другиот кум ќе биде еден од гостите кои ќе присуствуваат на овој ден во Зубовце.

„Свети Трифун“ во Зубовце ќе се прослави и со цел да не се заборават корените, да не се заборават вековните обичаи и традицијата, желбата за дружба и добра иднина на Македонија, која во Зубовце е останата како аманет од старите генерации.

 

На прво место

News image

Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ

  Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на...

Историја

News image

Албанците од Македонија не се фински швеѓани-Драган Богдановски- 1997г.

Госпоѓа Елизабет Рен, финска државјанка од миноритетската шведска јазична група, бивша министерка за...

Иселеници

News image

АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ЛЕИК ПЛЕСИД (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р МОТОКИ НОМАЧИ ОД ЈАПОНИЈА – ПОЧИТУВАЧ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Професорот  Мотоки Номачи е истражувач на словенската лингвистика, на социолингвистиката и на...

Фељтон

News image

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ (20)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.