|
||||
КАТОЛИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БАДНИК |
Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар утре го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик, а денес го прославија Бадник Традиционално. Во Македонија централната прослава по повод празникот Божиќ се одржува во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше Божиќна света литургија, која ја предводеше Бискупот скопски и Епарх струмичко-скопски монс. д-р Киро Стојанов, во концелебрација со свештеници од Скопската бискупија и Струмичко-скопската епархија. Апостолскиот егзарх на храмот „Пресвето Срце Исусово“ во Македонија Киро Стојанов честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на прославата ја прочита Божикната порака. Во божикната честитка Бискупот скопски и Епарх струмичко-скопски монс Киро Стојанов, меѓу другото, рече: Светата Божикна ноќ, Божикниот ден и Божикното време е милосен дар на средбата со живиот Бог во малото Дете. Неизмерната Божја љубов и неискажливата Божја доброта, остварени со воплотението на Божјиот Син, за сите нас се непресушлив извор во делотворната Божја љубов, доброта, радост и мир. Со тие мисли на сите вас почитувани верници и на секој човек со добра волја од се срце ви го честитам празникот на Христовото раѓање - Божик. Христос се роди – Славете Го! На свечената литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје присуствуваа претставници на државата Македонија, претставници на локалната власт, на верските заедници и Комисијата за верски прашања на Република Македонија, потоа претставници на дипломатскиот кор, академици, како и претставници на хуманитарни организации и здруженија. Тие го честитаа најрадосниот христијански празник, празникот на сите празници-Раѓањето Христово-Божик, и посакаа во добро здравје, радост и среќа да се поминат празничните денови. Инаку, во христијанството се верува дека Христовото раѓање донело светлост на вистината за човековиот род и дека со тој настан е исполнето старозаветното пророштво за раѓање на Спасителот. Затоа католичките верници ширум светот, покрај вечерашниот Бадник, утре го слават католичкиот Божиќ, а секоја земја си има свои традиции. Така, Божик на 25 декември по Грегоријанскиот календар го прославуваат Римокатоличката црква, протестантските цркви како и некои православни цркви кои прифатиле ново сметање на времето. Тоа се: Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатиле Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет, кој се води според Јулијанскиот календар. Руската, Српската и Македонската православна црква како и Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик го одбележуваат по Јулијанскиот календат на 7 јануари. Пишува СЛАВЕ КАТИН
|