Четврток, 12 Февруари 2026    Печати
Изјавата на Венко Филипче во Штип наликува на старата народна: „Село гори, баба се чешла.“

4c5957cd-cdc2-4d5c-86d1-9b8d05b13cb12 copy

За Венко Филипче, секогаш виновник е ВМРО-ДПМНЕ

Во Штип, пред општинската организација, со сериозен тон „откри“ дека зад катастрофалната состојба на СДС стои ВМРО-ДПМНЕ.

Имало платени луѓе. Имало проекти. Имало сценарија. „ЗНАМ пропаднал“, па сега некој сакал да ја дели партијата одвнатре,...

Кога немаш доверба од народот–има „платени групации“.
Кога рејтингот ти паѓа–виновно е ВМРО-ДПМНЕ. Барем така тврди Филипче.

Е тоа е: „Село гори, баба се чешла“.

Ајде да се потсетиме – можеби некој навистина „заборавил“:

СДС не го уништи ВМРО-ДПМНЕ, СДС се самоуништи.

Кој го смени знамето и ја отвори спиралата на постојани национални отстапки? СДС.

Кој го смени името на државата? СДС.

Кој го прифати Преспанскиот договор, со длабоки политички поделби што го расцепија општеството? СДС.

Кој потпиша штетен договор со Бугарија што отвори простор за историски спорови, уцени и нови условувања? СДС.

Кој прифати внесување на Бугарите во Уставот како предуслов за европски почеток? СДС.

Кој стружеше шахти низ Скопје за да се отстрани шеснаесеткракото сонце? СДС.

Кој ги осуди Уставобранителите за наводен тероризам? СДС.

Кој ја претвори Македонија во регионален експеримент со марихуана, каде лиценците се делеа како бонбони? СДС.

Кој делеше тендери „во четири очи“?
Кој ги претвори јавните набавки во семејно-партиски бизнис?
Кој го направи принципот „наш човек“ поважен од законот и конкуренцијата? СДС.

Кој увезуваше скап јаглен за РЕК Битола додека енергетиката тонееше, а граѓаните плаќаа повисоки сметки?
Кој дозволи државата да стане енергетски зависна? СДС.

Кој ја претвори правдата во политичка алатка? СДС.
Кој ја направи борбата против криминал селективна? СДС.

И уште многу КОЈ, а секаде одговорот е ист: СДС.

Денес Филипче зборува за „внатрепартиско роварење“?.

Роварење беше кога членови и функционери од СДС си заминуваа разочарани.
Роварење беше кога идеологијата на Социјалдемократијата се замени со тендери.
Роварење беше кога социјалдемократијата се претвори во клиентелизам.

СДС не го губи рејтингот затоа што некој го дели, го губи затоа што граѓаните се чувствуваат изневерени.

Филипче вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја губело поддршката и затоа сакало да предизвика поделби во СДС. Навистина?

За само една и половина година власт на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, се испорача повеќе отколку за цели седум години владеење на СДС. Тоа не е партиска флоскула, тоа е видливо со голо око.

Инфраструктурните проекти што стоеја со години се придвижија.
Финансиска дисциплина се враќа.
Институционалниот хаос почна да се средува.
Државата конечно функционира без дневни скандали и афери,...

Граѓаните не се наивни, тие споредуваат, гледаат што било вчера и што е денес. И затоа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ не само што не паѓа, туку е повисок и од периодот пред изборите.

Кога народот не ти верува, најлесно е да кажеш дека некој ти работи зад грб.

Но вистината е поедноставна: Поддршката не се губи поради туѓи интриги, се губи кога ќе ја потрошиш довербата.

И токму затоа, наместо да бараат виновник во ВМРО-ДПМНЕ, раководството на СДС мора да се погледне во огледало и да го признае сопствениот неуспех.

1aa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy