Сабота, 28 Март 2026    Печати
КОЈ ЈА ВОДИ ПОЛИТИКАТА – НАРОДОТ ИЛИ ТУЃИТЕ БАРАЊА?

1aaa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Во политиката постојат моменти кога компромисот е неопходен. Но постои и линија што не смее да се премине – линијата на достоинството, на државниот интерес и на националниот интегритет. Кога таа линија ќе се избрише, компромисот престанува да биде мудрост и станува – подаништво.

Токму тоа подаништво, тоа коленичење на СДС пред барањата на одредени наши соседи, со години се претставува како „европска визија“ или „храброст“. Но, кога сите барања се прифаќаат без јасна црвена линија, кога секое ново отстапување се продава како успех, тогаш веќе не станува збор за дипломатија–туку за политика на свиткан грб.

Таквиот пристап, кој се поврзува со СДС, не само што ги релативизира државните позиции, туку создава опасен преседан: дека Македонија е подготвена да се откаже од сопствените интереси за да ги задоволи туѓите. Ова не е само политичка стратегија – ова е идеолошки модел кој ја слабее државата одвнатре.

Фигури како Венко Филипче и Зоран Заев, наместо да постават јасни граници, ја продолжуваат оваа матрица на однесување. Преку ПР стратегија која се поврзува со нивни блиски кругови и советници надвор од државата, ги става туѓите интереси пред сопствените.

Резултатот од таквата политика е видлив: пад на довербата, губење на политичкиот компас и влегување во ќорсокак од кој тешко се излегува, но последиците не се само партиски.

Кога државната политика се води без јасна одбрана на националните интереси, штетата ја чувствува целото општество.

Државите се почитуваат кога самите се почитуваат. А почитта не се гради со прифаќање на сè што ќе се побара, туку со јасен став, достоинство и подготвеност да се каже – доста е.

Затоа, прашањето повеќе не е дали оваа политика на СДС е погрешна – тоа веќе е јасно. Прашањето е: до кога ќе се толерира понижувањето и кој ќе ја преземе одговорноста за цената што ќе ја плаќа државата?