|
||
| ГРАЃАНИТЕ ЈА ЗАЦВРСТУВААТ ПОДДРШКАТА ЗА МИЦКОСКИ И ВЛАСТА |
|
Последното истражување на МКД.мк и Маркет Вижн, спроведено од 2 до 18 март, испраќа јасна порака: довербата кај граѓаните не е случајна, а поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е видлива и конкретна. Кога станува збор за поддршка кон партиите:
На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, најголем дел од испитаниците најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски.
Во јавниот простор често доминираат гласни обвинувања и политички препукувања, но анкетите имаат една предност – тие ја мерат реалната перцепција на граѓаните, не реториката на политичарите. Довербата е резултат на конкретни политики, одлуки и чувство кај граѓаните дека државата се движи во вистинска насока. Кога институциите функционираат и постои јасна визија – поддршката расте. Најголемиот дел од довербата повторно оди кај ВМРО-ДПМНЕ, а лидерот Христијан Мицкоски останува прв избор кај граѓаните кога станува збор за политичко лидерство. Ова не е изолиран резултат, туку потврда на континуитет кој се гради подолг временски период. Во ваков амбиент, Христијан Мицкоски не е само лидер на ВМРО-ДПМНЕ, туку станува центар околу кој се групира политичката енергија. Поддршката кон него не е наметната – таа е резултат на довербата на граѓаните кон неговата политика. Оваа анкета не е бројка. Дека трпението има граница. Вистинското прашање повеќе не е кој води, прашањето е колку длабоко ќе паднат СДС затоа што одбиваат да ја прифатат реалноста и колкава ќе биде цената за тоа игнорирање. МН
|