|
||
| СДС и Венко Филипче уживаат историски најниска доверба кај граѓаните |
|
Послушноста на Филипче кон Заев и неуспешниот ПР наметнат од Башановиќ го доведоа СДС до историски најслаб рејтинг. Лошиот ПР, небулозните и клеветнички соопштенија, како и прес-конференциите исполнети со навреди и непристоен речник, го доведоа СДС и Венко Филипче до рејтинг од 4,9%, односно 3,6%. Сепак, Филипче не покажува загриженост за лошиот рејтинг – ниту личниот, ниту партискиот – кој континуирано опаѓа од анкета во анкета. Очигледно е дека целосно потфрлија соопштенијата креирани од новиот партиски ПР тим предводен од Башановиќ, додека Филипче продолжува да живее во паралелна реалност. Со месеци СДС и Филипче ја манипулираа јавноста тврдејќи дека новите анкети ќе покажат пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и раст на нивниот рејтинг. Овие тврдења постојано се повторуваа преку прес-конференции и јавни настапи. Последното истражување на јавното мислење уште еднаш ја разобличи оваа невистина. Станува јасно дека СДС, предводен од Филипче, на следните избори ќе се соочи со значително полош резултат од претходните изборни циклуси. Не би било изненадување доколку СДС освои помалку од 100.000 гласови, што го потврдуваат и резултатите од последната анкета. Загрижува фактот што раководството на Бихаќка одбива да извлече поука и да направи неопходни промени во политиките и кадровските решенија. Наместо тоа, продолжуваат да се потпираат на ПР структури како Башановиќ и Шчекиќ, кои, по насока на Заев, дополнително ја ослабуваат партијата. Одговорноста за оваа состојба ја носи Венко Филипче, кој свесно го дозволува падот на СДС, постапувајќи во целосна послушност кон Зоран Заев. Оваа зависност се гледа и преку новите партиски структури, каде се вклучени лица блиски до Заев, меѓу кои и Стојан Коциров, поранешен директор на компанија поврзана со семејството Заеви. Сѐ поизвесно е дека СДС ќе продолжи да тоне под ова раководство, кое нема ниту намера да спроведе внатрепартиски реформи, ниту да се дистанцира од политиките на Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја ужива највисоката доверба кај граѓаните од 24%, како резултат на посветената работа, реализираните проекти и исполнетите ветувања. Граѓаните прават јасна разлика, и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ продолжува со силно темпо, нови проекти и политики во интерес на сите граѓани. |