Актуелно
Сабота, 17 Април 2010 12:53    PDF Печати Е-пошта
Љубе Бошкоски го тужи Мане Јаковлески за клевета
Сестра Љуба и Мане ЈаковлескиМане Јаковлески, претседател на Здружението за спас на Љубе Бошкоски, ќе седне на обвинителна клупа во скопска „двојка“ и ќе одговора за клевета, по приватна тужба на Љубе Бошкоски. Според изнесените факти во тужбата, Бошкоски смета дека Јаковлески со намера ја навредил неговата чест, достоинството и угледот, нарекувајќи го предавник во емисијата на МРТВ „Отворено со народот“. Овој прилог беше емитуван лани на 4 декември, со тема „12 години затвор за Јохан Тарчуловски - судбина или предавство“. Бошкоски од судот бара Јаковлески да биде прогласен за виновен и да му исплати нематеријална штета од 1.500.000 денари.
Повеќе...
 
Сабота, 03 Април 2010 12:13    PDF Печати Е-пошта
Велигденска честитка од Светскиот Македонски Конгрес
smk-zname-240Светскиот Македонски Конгрес на сите христијани во Македонија и на сите Македонци христијани во светот им го честита големиот христијански празник Христовото Воскресение Велигден.
Повеќе...
 
Понеделник, 22 Февруари 2010 17:14    PDF Печати Е-пошта
Единаесет припадници на АРМ добија медал за постигнување во СЕЕБРИГ
Доделени Медали за постигнување на припадници на АРМ кои биле на служба во СЕЕБРИГЕдинаесет припадници на АРМ кои биле на служба во Бригадата на Југоисточна Европа - СЕЕБРИГ денеска добија „Медал за постигнување“.

Медалите се доделуваат на лица кои успешно работат повеќе од една година како припадници на основниот штаб на СЕЕБРИГ, а ги врачи командантот на Бригадата на Југоисточна Европа, бригадниот генерал Зибер Душку. На свеченоста во Домот на Армијата на Република Македонија присуствуваа и министерот за одбрана Зоран Коњановски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски.
Повеќе...
 
Понеделник, 22 Февруари 2010 15:44    PDF Печати Е-пошта
Анкета на „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со највисок рејтинг
Никола ГруевскиДоколку утре би се одржале парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,5 проценти од граѓаните, за СДСМ 9,3, за ДУИ 6,1 и за ДПА 3,9 проценти, покажуваат резултатите од анкетата што ја спровел Институтот за демократија на барање на Институтот „Павел Шатев“.
Повеќе...
 
Недела, 14 Февруари 2010 18:28    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДП: Кој има интерес да ги промовира глупостите на Тачи
Владимир ГолубовскиКој има интерес да ги промовира глупостите на Тачи и од малоумните закани да прави централно прашање на дневната политика, запрашаа од ВМРО-ДП.

Мендух Тачи, гостувајќи на Канал 5 телевизија отворено повика на војна, на прекројување на граници, се закани со нови договори, се закани со агресија од Албанија и Косово, вели ќе паднеле преку ноќ двете граници, дека Македонија нема друга иднина освен да биде двонационална држава, бара вертикална употреба на албанскиот јазик, дводомен парламент, посочуваат од ВМРО-ДП.
Повеќе...
 
Петок, 12 Февруари 2010 01:21    PDF Печати Е-пошта
Одликување на поранешниот министер за надворешни работи на Данска Уфе Елеман Јенсен со Орденот „8 септември“
Орден 8-ми СептемвриНа 12.02.2010год. (петок) Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов ќе го одликува поранешниот министер за надворешни работи на Кралството Данска Уфе Елеман Јенсен со Орденот ‘’8 септември’’, за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Кралството Данска, како и заради неговиот придонес во јакнењето на меѓународната положба и углед на Република Македонија.
Повеќе...
 
Петок, 05 Февруари 2010 01:05    PDF Печати Е-пошта
Одбележани 138 години од раѓањето на Гоце Делчев
Одбележани 138 години од раѓањето на Гоце Делчев  Со литургија на свештенослужители од Македонската православна црква и положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев денеска во црквата Св. Спас во Скопје почна одбележувањето на 138-годишнината од неговото раѓање. Литургијата ја водеше митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во присуство на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.
Повеќе...
 
Сабота, 23 Јануари 2010 23:21    PDF Печати Е-пошта
Промоција на нов албум и хуманитарен концерт во чест на Тоше и 29 години од неговото раѓање
Тоше ПроескиВо пресрет на роденденот на големата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, вечер ќе биде промовиран новиот албум со негови композиции „Се уште сонувам дека сме заедно“, а утревечер во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи хуманитарен концерт под мотото „Со хуманост кон светлината“.
Повеќе...
 
Петок, 15 Јануари 2010 17:04    PDF Печати Е-пошта
Интегрални обраќања на претседателите Иванов и Желев на врачувањето на орденот „8 септември“
Ѓорге Иванов и Жељу ЖелевВо прилог се интегралните обраќање на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и на поранешниот Претседател на Република Бугарија д-р  Жељу Желев, по повод денешното врачување на орденот 8 септември на Претседателот Желев.
Повеќе...
 
Среда, 13 Јануари 2010 04:25    PDF Печати Е-пошта
Битолчани и Стара Нова Година- со традиционален мазник со паричка за среќна година
Битолчани и Стара Нова Година- со традиционален мазник со паричка за среќна годинаСо сукан мазник со паричка и со познатите битолски бабари жителите на градот под Пелистер го одбележуваат доаѓањето на т.н. православна Нова година, како и празникот Св. Василиј Велики, познат меѓу народот како Василица. Спроти 14 јануари, за ручек, мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Се јадат домашни колбаси, се игра комар и се пеат староградски песни до рано изутрина.
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

ХРИСТИЈАНСТВОТО – РЕЛИГИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Почнувајќи од древните времиња па до денес, Македонија беше, е, и ќе биде место каде што се вкрсту...

Историја

News image

Македонски абецедар

Се работи за документ, или поточно, за учебно помагало за потребите на тогашните образовни програм...

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.