Среда, 11 Март 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (11)

37

VI

ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ I)

Древната историја и култура на Македонија и на Македонците се одвивала во областите северно од Тесалија и од бреговите на Егејското Море. Југозападната граница се простирала од Олимп, Хасиа и источните падини на планинскиот масив Пинд, Епирско Загорје и планината Тимфа. Западната граница од планината Смолика и Грамос, преку Јабланица и Кораб, до планината Скард (Шар Планина), која ги одвојувала Македонците и Енхелејците.

Од планината Скард северната граница се спуштала до планината Јакупица, па по долината на реката Пчиња до Осоговските планини и планината Рила, позади која граница живееле Дарданите. Источните соседи биле Тракијците, по линијата на планината Деспат, Западни Родопи и реката Места (Nestos) и нејзиното устие во Егејското Море.

Хидролошкиот систем на Македонија го сочинуваат нејзините реки, езера и Егејското Море. Главните реки се Вардар (Aksios – вреден, одличен), Бистрица (Aliakmon – крива река или силна река), Струма (Strymon – да турка, водопаден), Галик (Ehedor – чувар на подароци, подароци) и Колудеј (Ludios). Од езерата тоа се Охридското (Lyhnida – светилка), Преспанското (Vrigis), Островско (Vegoritida) Костурско (Keletron), Дојранско, Киркенско, Бешик и др. Во праисториското доба, Солунско-Термајскиот залив навлегувал многу длабоко во Солунско-Ематското поле така што и во античкото време во македонското престолнина Пела имало пристаниште.

Географската конфигурација на тереното во Македонија со многубројните котлини, планински масиви (Олимп, 2917), Грамос (2520), Шар Планина (2748), Осогово (2252), Ниџе (2521), Каракамен (2052), клисурите и со долините придонела кон топографската ономастика и климатско-еколошките услови, како и кон племенското организирање. Така, на пример, Пелагонија значи богата рамница, Ематија-пешчара, Ореста-гора, Пијерија-света гора, Елимеја-криворечие, итн. Климата е претежно континентална, освен во приморска Македонија каде таа е медитеранска.

Најстарите археолошки наоди за човеково присуство во Македонија на локалитетот Петралон (Камено Гумно), источно од Солун, датираат од околу 160.000 години пред Христа. Неолитската култура (65400-5500) утврдена е на локалитетот Породин во близина на Битола, Анза и во Вршник близу Штип, Зелениково и Церје во близина на Скопје, Дупјак и Нестрем кај Костур, Неа Никомедија кај Солун, Ситагри кај Драма, а следат областите на Охрид, Тиквеш, Велес, итн.

Овие неолитски локалитети странските археолози ги класифицираат главно во 4 региони: Северно-македонски, Јужно-македонски, Иточно-македонски и Западно-македонски неолит. Халколитската или бакарно-камената култура (5500-3100), како и Централно-балканската или винчанска култура, писутна е и во Македонија долж нејзините реки.

Во текот на енеолитската култура (3100-1900 пред Христа) и подоцна во времето на бронзената култура, Македонија била зафатена со етнокултурни промени од север на долината Вардар и нејзините притоки. Со миграцијата на Скитите од Панонскиот басен и Курган, во средно-бронзениот период од 1900-1450 година пред Христа доаѓа до формирање на најраното македонско етничко јадро на планинските рамнини на Олимп и Пијерските планини од јазично-племенската заедница од Панонија позната под заедничкото име Еоли.

На север на Македонија, во текот на овие години, откриена е мегалитската опсерваторија Коконо, во атарот на општината Старо Нагоричане, околу 50 км воздушна линија од Скопје и 35 км од Куманово. Таа е поставена на врвот „Тетичев камен“, а името го добила според соседното село Кокино. Називот асоцира на легендарниот јунак Кикан, Ариевиот син кого Херакле, на патот кон земјата на Хиперборејците, го сретнал на бреговите на реката Ехедора (Галик) во Македонија и кого во двобојот го убил.1

1 Apollodiri, Bibliotheca (I-II век пред Христа), II.5.

Опсерваторијата е случајно откриена во 2001 година и датира од околу 1800 година пред Христа, од раното бринзено доба. Мегалитската опсерваторија Кокино настанала на невулканско возвишение. Карпите се последица од зацврстувањето на лавата која истекувала од вулканскиот кратер. Климатските промени и настанатата ерозија направиле процепи и дел од тие процепи претставувале главни маркери за пратење на циклусите на Сонцето и Месечината и за мерење на времето.

Во минатото, камените маркери означувале места на излезот на Сонцето и Месечината во време на краткодневица, рамноднвица и долгдневица, како и нивните отстапувања. Во суштина, единствено во текот на рамнодневицата, на 21 март и на 21 септември, Сонцето излегува точно на исток и заоѓа точно на запад. Потоа настпауваат отстапувања од 45 степени.

Се претпоставува дека некои челнови на племенските заедници имале задача секојдневно да го следат движењето на набесните тела и да прават календар на ритуалните обреди и изедување на сезонските работи во земјоделието и сточарството.2

2  Шкокљев, А., Николовски, С., Придонесот на Македонија кон светскта цивилизација, стр. 107, Македонска искра, Скопје, 2004.

38

Војската на Филип Македонски 

Опсерваторијата е сместена во две скалести платформи од каде што може да се следат планетите. Во горната платформа пронајдени се трагови на неколку објекти и делови од керамика, како и престол за старешината и за племенскиот водач.

Според извештаите на американската Агенција за истражување на вселената  (НАСА), се заклучува дека од опсерваторијата Кокино постари се единствено Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Британија и Анкгор Ват во Камбоџа.

Дека преисториските Македонци се занимавеле со астрономски прашања потвдува, исто така, и неодамнешниот археолошки наод на „карпеста“ уметност (Rock art) од страна на македонскиот археолог Алексовски, крај Кратово во Македоија. На планинските стени-карпи откриена е „Ѕвездена карта“ (Astro map) со христијанска структура во облик на крст, свастика и гравури со уметничка содржина.

Еоли (Aioleis) е палеобалкански збор и значи разновиден, различен и претставува антропоним3 (poikilos). Историчатире во македонските племиња ги вбројуваат: Македонците, Лапитите, Минијците, Флегијците и Тироите. Македонците настанале на северните планински рамнинки на Олимписко-Пирејско-Пиндскиот масив и на источните планини на Тесалија-Магнезија, додека останатите еолски племиња ја заземале тесалијската рамнина.

Poikilos: Papastavrou, 1972, 39 и Mpampiniotis, 1998, 1452.

Етногенеза на Македонците 

Етнонимот Македон и хоронимот Македонија за прв пат се појавуваат во III милениум пред Христа и лингвитички потекнуваат од Палеобалканската глосологија (ПБГ). Грчкот лингвист Бамбињоти4 изнесува дека зборот е од непознато потекло, т.е. дека не припаѓа ниту на санскритскиот, ниту на индоевропскиот корпус. Во својот труд „I glossa tis Makedonias“ (Athina, 1992, 161) („Јазикот на Македонците“) авторот истакнува дека ономастиката што се употребувала за тој етнос била: Makednoi, Makedones, Maketai.

Mpampiniotis, G.: Synhroni gramatiki tis koinis neas Elinikis, Athinai, 1967

Понатаму, дека зборот се состои од два дела: Mak-makos-makros, во превод висок, далечен, лептосом, т.е. дека тоа е далечна, северна (Ston Vоrra) земја. Или, втората форма Mak води потекло од непозната ономастика, веројатно од Makar-makarios, што во превод значи среќен, богат, чорбаџија. Вториот дел на етнонимот, според истиот автор, Maki-kedones би бил македонска форма од зборот Hthon-gea земја, така што според него „Македонија е далеку, високо на север од земјата Бореа“. Во старохебрејскиот јазик, вториот дел „eden, edon“ значи рај, богатство.

Во нашите епистемолошки истражувања на ономастиката на Панонија во Мачва, која што е рамничарска област и се наоѓа помеѓу Сава и Дрина, неговиот хороним би бил одговор можеби на потеклото на праисториските Македонци. Етимолошки, Мач/к/-ва, каде ’мак“ е богат, додека ’-ва’ потекнува од ПБГ –фа во фаго, што значи храна и во превод Мачва би значело област боата со храна, а тука е и гратчето Богатиќ.

Меѓутоа, во далечните предисториски времиња, Македонија се викала Ематија. Тоа го потврдува Хомер5 во спевот каде божицата Хера го впленува, го маѓепсува Зевса: „Хера, пак, го остави врвот на планината Олимп и тргна./Пристигна во Пијерската земја, во областа Ематија милна...“ Тоа го потврдува и Страбон (63–19 година пред Христа) каде изнесува дека Македонија некогаш се викала Ематија, додека Зонара6 во „Epitome Historiarum“ пишува дека и градот Солун (Thesalonika) некогаш се викал Ематија, па така и целата приморска - Долна Македонија.               

5  Хомер, Илијада и Одисеја, XIV, 225, Нови Сад, 1985 (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Zonara, Epitome Historiarum, p. 150, 1875.

Продолжува

 Sh Donco  slave 

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (57)

Голем број познати личности од јавниот живот говарат за ликот и делото на Мане Јаковлески. За неко...

Иселеници

News image

ПОЕТСКАТА ПРИКАЗНА ЗА РАДА КРСТЕВСКА – ВИДИНОВСКА (5)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ ...

Култура и туризам

News image

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (5)

ВЕСТИТЕ ЗА КИРИЛ И МЕТОДИЈ СПОРЕД ИТАЛИЈАНСКАТА ЛЕГЕНДА

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (21)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.