Среда, 24 Февруари 2021   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (61)

10123

ОРИГИНАЛНОСТ НА МИТОЛОГИЈАТА НА БАЛКАНОТ, НЕЈЗИНО ПОТЕКЛО И ЗНАЧЕЊЕ ЗА РАЃАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Научниците досега ја проучувале и реконструирале грчката митологија само посредно и тоа врз основа на три различни видови извори: митолошко-историски, литерарни и археолошки. Автентичноста и изворните материјали како „жив мит“ на олимписки богови и божици не се утврдени, па така дошло да се прифатат приказните во „редакција“ на најстарите сведоци на грчката митологија, Хомер и Хесиод, и на подицнежните поети, ликовни уметници, историчари и митографи.

Според Херодот,1 поетите Хомер и Хесиод на „Хелените први им создале приказни за настанок на боговите, им дале имиња и ги објасниле божествените почести и вештини, најпосле ги опишале и нивните ликови.“ Во натамошниот текст се изнесува дека поетите велат дека сите тие приказни им ги подариле музите, красноречивите ќерки на Сеќавање, кои што ги инспирарале поетите да говорат за минатото, сегашнота и иднината. Во натамошната расправа, Херодот го истакнува своето мисење дека поетите Хомер и Хесиод, за кои се говори дека живееле пред сите овие приказни, всушност, живееле после нив. Тоа значи дека слични основни мотиви и содржини за приказни за боговите на Олимп постоеле и пред нив.   

1  Херодот, Историја, II, 53, Матица Српска, Београд, 1988.

 Хомеров историски проблем

Според многубројни истражувања, Хомер живеел во IX-VIII век пред Христа, во Мала Азија, во близина на Смирна, а Хесиод во VIII век пред христа. Додека во животописот за Хомер податоците се многу оскудни, дотогаш главни и најрелијабилни податоци за Хесиодовиот живот се наоѓаат, претежно, во неговите сочувани песни Теогонија (θεογονία) и Работи и денови (Ἔργα καὶ Ἡμέραι, Erga kai Hēmérai). Од овие дела се дознава дека Хесиодовиот татко се викал Дијо, кој живеел во малоазиската Кима, каде живееле Еолските доселеници. Се бавел со поморска трговија. Бегајќи од лутата сиромаштија, се населил во континенталниот дел на Грција во Беотија, во селото Аскара, помеѓу Орхомен и Теспија, каде се родил Хесиод. Во беотско-тесалскиот Орхомен живееле носителите на „Димини културата“ - Минијците од Подунавје, чија култура под името „минијска“ го достигнала својот зенит во 1400 година пред Христа. Нешто понасевер, во еолската (тесалската) рамнина, покрај Минијците живееле и нивни сродни племиња од Подунавјето: Лапити, Тиројци, Флегијци и други, под заеднички етноним Еолци.

 10124                    Хомер

Според Томпсон,2 сите овие Подунавски племиња мигрирале од север од Панонија, долж Вардар, преку македонската Пијериа и Олимп. Тие на просторите на Хелада, и тоа во Тесалија, Бетоија, Атика, на Пелопонез и Крит, ги внеле меѓу староседелците Пелазги, Лелези, Критјани и Јоњани својот јазик, својата вера, своите митови, богови, легенди, обичаи и начин на живеење. Освен тоа, тие од својата стара родна грутка ги внеле и своите јуначки, епски песни во вид на рапсодии (од ραφω - рапсо – сошие, сложи, снове, смислува и ωδη - ода – песна, пеење). Ова го потврдува и Папаставроу,3 кој истакнува дека Рапсодите, пред Хомер, живееле во Тесалија и во соседните области во Беотија. Поради тоа и нивните богови потекнуваат од Тесалија, а нивното живеалиште е Олимп. При миграцијата на Дорците, како нов народ од северозапад на Балканот во Епир и Тесалија и бегството на Еолците од Тесалија, во 1124 година пред Христа, и нивната преселба на северозападниот брег на Мала Азија, каде е формирана Малоазиската Еолија, се преселиле и Рапсодите со своите песни и традиција.

Тоа го потврдуваат историските факти дека некои населби во Анадолија добивале имиња на стари племиња и места во Тесалија, на пример Олимп, Лариса, Магнезија и други, па и целата нивна нова татковина е наречена Еолија. Главни доживувања на тие населеници во почетокот биле борби со анадолските господари Фрижаните (доселеници од Македонија), Мишаните (доселеници од Посавина), како и со Ликијците. Спомените на тие борби сè повеќе добивале митско обележје и дале централен мотив кон кој се привлекле и митовите донесени од првобитната татковина Панонија, преку Тесалија. Значи, во новите услови на борби за опстанок на доселениците, во поетска сила, придодадени се и херојските содржини од Тројанската војна во 1193 година пред Христа во која учествувале и Минијци, Лапити, Тиројци од Тесалија, Беотија, Месенија и други потомци од Подунавјето од цела Хелада. Меѓутоа, се смета дека најголемиот поетски квалитет од сите творци дал Хомер кој ја опеал Илијада и кој на целиот поетско опус ù обезбедил завршна форма. Рапсодите продолжиле со ширењето, сега на Хомеровите епопеи, натпреварувајќи се во рецитирање при свечените собири кои што прво биле приредувани на приватна иницијатива, а подоцна државата ги зела под своја контрола.

Околу „хомерскиот проблем“ постојат многубројни прашања и тоа, пред сè, околу староста, односно епохите што се претставени, околу авторот на делото и местото на неговото раѓање. Според историографијата, Хомер е роден во Смирна, во Колофон или на островото Хија. Меѓутоа, постојат индиции дека е роден во Бабилон, под името Тиграм, и дека е продаден како заложник (ομηρος - хомер, основа; αρ, αραρισκω - ар, арариско – залог, гаранција). Според едно друго предание, зборот ’хомер’ значи ’слеп’.

2  Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio,  p. 124/5, 133/4, 285, 387, Athina, 1954.

3  Papastavrou, I,: Istoria tis Arhaias Ellado, p. 62, Hiotelli, Athinai, 1972. 

Илијада секако е создадена пред „архајската“ епоха која што започнува околу 750 година пред Христа, со големата хеленска колонизација на соседниот брег. Ако во Илијада е нешто историско, тогаш тоа може да бидат борбите на тесалските иселеници, пред сè Минијците, Лапитите, Тиројците и Ахејците, т.е. Еолците со старото население во анадолското приморје. Водач на таа борба е Ахилеј, а бидејќи неговиот народ се вика Мирмидонци или Ахејци (Αχαιοι - Чемери), исто така под тоа име се викаат Хелените под Троја. Како пофална ода, Илијада била претставена во подоцнежните етапи во краслките дворови и во градовите на Јонија, каде кралеви биле Кодриди. Таа е прилагодена, првенствено, на идеалите на аристократијата, со содржини како што се витештво, борбен дух, херојски ликови, освојувачки тежнеења, митови, итн.

Речиси сите истражувачи на „хомеровото прашање“ наведуваат дека во еповите постои мешавина од различни епохи, каде борците користат камено, бронзено, па дури и железно оружје, мешавина од мит, историја и фолклор, богови и херои и др. Едно, меѓутоа, е карактеристично за двата Хомерови епа, а тоа дека јазикот им е ист и дека имињата на боговите се исти. Според Кречмер4 и Мпампиниотис,5 Хомеровите дела се создадени на еолско-јонски јазик со атички (лапитски) неотризми.6 Тие се создадени во областите Смирна и Хија, од поети кои дошле од Тесалија, Беотија и од Пелопонез.7 Во еволуцијата на развојот на митот за Троја се разликуваат три периоди: тесалски, каде носителите се иселениците од Панонија; пелопонешки, каде творците се Нелеидите и Тиројците (исто така, Панонци) и, најпосле, анадолско-јонски каде се среќаваат Еолци од Тесалија, иселеници од Пелопонез и Јонци. Хомер, давајќи дефинитивна форма на своите епови, станал, како што тоа Платон го вели, не само воспитувач на Хелените, туку и нивен обединител.   

4  Kretchmer, P.: Einletitung ind die Geschichte der griechischen Sprache, Gottingen, 1886.

5  Mpampiriotis, G., Synopiki Istoria tis Ellinkis glossas, p. 96, Athina, 1986.

6  Шкокљев & Шкокљев, 1997 и 1998.

7  Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio,  p. 390, Athina, 1954.

Што се однесува до Хомеровиот стих, најстариот стих во античкото поетство, како негови пронаоѓачи важеле Панонците, т.е. Хиперборејците. Според Паусаниј8 тоа се Олен, Орфеј и Феменоја. Олен прв почнал да претскажува и да пее во хексаметар во пророштвото на Аполон на Делфи. Во натамошниот текст Паусаниј, цитирајќи стихови на Беј, изнесува: „Овде, пророштвото што добро се сеќава на сè, го основале Хиперборејците Пагаз и прекрасниот Агијеј“. Набројувајќи и други Хиперборејци (Подунавци) на крајот на химната на Беј го споменува Олен (Ωλην): „И Олен кој прв стана пророк/ Па од стиховите стари состави песни прв“.

Орфеј (Ορφενς), син на Еагар, бил најпознат митски пејач, свирач и поет, крал на Македонија и Тракија. Според Диодор Сиц.9, него го сметале за пронаоѓач на азбуката. Феменоја (Φημενοη) била Аполонова ќерка, прва пророчица (Питија) во Аполоновото светлиште во Делфи, која прорекувала во хексаметри. Неа ù се припишува изреката „спознај се себе си“. 

8  Pauzania, Perrigissis tis Ellados, X, 5, 7, (прев. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.

9  Diodorus Siculus, Bibliotheca historica, Fr. Vogel, I, 69, Leipzig,1986 и понатаму.

Хесиодови митови

Додека во Мала Азија се создавани Хомеровите епови, дотогаш Хесиодовите епови имаат беотска форма и содржина, од хорска поезија се од Орхомен,10 што укажува дека се од минијско потекло. Од досегашните истражувања произлегува дека првиот мит за Евронима, како и останатите приказни за боговите и хероите, ги создале хиперборејските народи или Дануни, создавачи на културата на Лепенски Вир, Старчево, Македонија и Винча, односно „Стара Европа“.11 Тоа биле Мињци (Миничево), Лапити (Лапово), Трои (Сираково), Флегијци (Пожаревчани), Мосиники (Мосна), Мизи или Мионци (Мионица), Македонци и други. При својата миграција во предисториски период, од панонското Подунавје на југ, исток и на запад, тие, покрај архетипската форма на богата археолошка материјална култура (керамика, „мегарони“, трезори), ги оставиле и своите етноними кои што и денес се присутни во топонимите на српските простори и пошироко. 

10  Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio,  p. 425, Athina, 1954. 

11  Gimbuts, M., The Goddesses and Gods of Old Europe 6500-3500 B.C. Myth and Cult Images, Univ. of California Press, 1982.

Покрај тоа, како резултат на интеракцијата на нивниот дух со природното окружување (Панонско море – Карпати, Дунав – Ѓердап), создадена е „ментална“ претстава за раѓањето на космосот и за свеста, која со набљудување тежнеела да ги објасни, на свој начин, тајните на природата, животот и смртта. Од овој феномен на духовната манифестација на човековиот ум, создадена е традиционалната космологија и теогонија. Создадена е оригинална, автохотона и единствена митологија, религија и култови кои ја претставуваат архетипската европска филозофија, праисотрија и лингвистика.

Нивната религија е најстара на светот. Таа претставува автономен религијски систем, како што е и хидролошкиот систем на Дунав (Дан-Дану-Данубиус, Зевсова или Боговска река на животот), дунавската цивилизација на Лепенскиот Вир. Во таа цивилизација, на ниво на симболично, на Лепенскиот Вир, преку архитектурата, скулптурата, обредите и обичаите реализирана е слика на космосот со кого госпоради Сонцето како врховно уранско битие, а Лепенскиот Вир е Хериополис, односно Хелиополис. Осознаените манифестации биле во вид на приказни. Тие се пренесувани од генерација на генерација, през милениуми и векови, исклучително преку усни преданија и слободни раскажувања.

10125Неолитски предмети во Винча

Бидејќи приказните биле дополнувани и менувани според новиот амбиент и во нови општествено-историски услови, покрај традиционалните приказни од митолошката космогонија и теогонија, подоцна се јавуваат и приказни и легенди за хероите. Хомер и Хесиод, според тоа, на Грците не им ги создале боговите и пантеистичката религија, како што смета Херодот, 12 туку сите овие оригинални и традиционални приказни ги донеле со себе Подунавските доселеници, а не музите, красноречивите ќерки на Сеќавање. Според тоа, Хомер и Хесоид не се автори, не се „изумители“ на митовите, туку регистратори, бележници и собирачи на митолошката граѓа.

Нивното значење во историјата со ова не се намалува, само се укажува дека врвните умствени дела, како што се и овие античките, обично потекнуваат од поединци, се филтираат низ „главата на целиот народ“ и на крај најумните луѓе на даденото време ги оформуваат во завршна форма, како што бил Атињанинот Пизистрат, од панонско порекло, Аристотел и Академијата на науки во Александрија за време на македонските кралеви од династијата Птоломејци. Доколку се спореди архетипичноста на панонско-„лепенската“ митологија, наречена хеленска, со другите стари митологии во светот и тоа, пред сè, со еврејската, која се развила под влијание на вавилонската и египетската и, најпосле, со римската, која што се развила под влијание на балканско-лепенската и своето влијание го пренела на сите помлади западноевропски митологии, може да се утврди дека оваа митолоија е пооригинална и постара, односно архетипска.

Митот за Евронима претставува архетип на Олимпијскиот мит, со тоа што женскиот принцип е заменет со три машки (Уран, Крон и Зевс). Покрај тоа, таа истовремено била усмена, т.е. народна книжевност, која што генијално ја синтетизирале Хомер, Хесиод, Еврипид и мнгу други. Тие пред себе немале модел, слични дела од Азија и Египет, кога ги создавале своите дела, иако во нив се крие не само мит, туку и некои историски вистини, покриени со густа коприна/превез на поетската имагинација.     

13  Херодот, Историја, II, 53, Матица Српска, Београд, 1988.

Потребни се нови информации и натамошни истражувања во оваа насока за да се дополнат нашите сознание и да се отворат нови можности за интеракција на свесното и несвесното (индивидуална и колективна свест) на нашите битија. Покрај личното збогатување на духот, на овој начин би им се оддолжиле на неолитските творци кои ни оставиле во наследство исконско чувство за убаво и возвишено и завештание за освестување (досегнување на божественото во нас), како чуствтот за праведност. Со сфаќање и прифаќање на научните факти дека раѓањето на европската цивилизација било на овие простори може да се отстрани пореметената слика за хиерархијата на изворните европски духовни вредности, а народите на Балканот повеќе да се поврзат и приближат.

Археологијата на Лепенскиот Вир, Винча и Старчево, со ономастиката на хидролошкиот систем на Дунав во Панонија, напоредно со изворните дела на античките хроничари, најдобар е изворен материјал за изучување на „живиот мит“ на Балканот. Митолошките, етнолошките, палеолингвистичките и теономните имиња во Панонија може да послужат како за разбирање на митовите, така и за разбирање на основните образци („форми“) во религијата и науката, кои што претставуваат и нова парадигма на „архетипското колективно несвесно“ (Јунг), како и за подобро сфаќање на вечната енигма на „хеленското историско чудо“. Тоа е заедничко на сите народи на Балканот, како што им е заедничка и иднината.

Продолжува  

Пишуваат: 

1slave 3АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

СДСМ е истото старо транзиционо лице

Лукаревска која ги штити фирмите на Заеви, Николовски кој наместо криминал брка путер и Филипче ...

Историја

News image

Македонското знаме во традиционалната црвено жолта боја

  Традиционалната црвено-жолта боја постојано се сретнува во македонските симболи. По завршу...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ОБРАЗОВНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ КАДРИ ОД ЉУБОЈНО - ДЕЛ I (7)

За Љубојно се карактеристични едукативните процеси. Тоа ...

Култура и туризам

News image

На Каменот од Розета карактеристики на битолскиот говор

И античките Македонци, како битолчани денес, не ги членувале именките со гласот „т“ на крајот. Ова г...

Фељтон

News image

ШТО ПИШУВААТ ИСТОРИЧАРИТЕ НА ДЕЛА ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? (10)

Главната цел на делото (книгата “Венети, Првите градители на Европската заедница”)...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.