Среда, 06 Октомври 2021   
СМРТТА НА ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД УБИСТВОТО (3)

10ас1

Убиството на Паусаниј пред да може да биде испрашуван, Александар ги обвинил телохранителите и наредил тие да бидат егзекутирани. За делото на Паусаниј како предавник, неговите три сина биле, исто така, егзекутирани. Многу од оние кои биле присутни во театорот тој ден, биле осомничени дека ковале заговор да го убијат и  таткото и синот. Од оние кои биле прогласени за виновни, Александар помилувал само неколкумина, додека повеќето од нив ги осудил на смрт.

При крајот на истата година, нови докази излегле на видело, па така и генералот Атал станал осомничен. Александар бил убеден дека Атал имал нешто со тајната комуникација на Демостен, ковајќи заговор да се спречи Александар да стане наследник на македонскиот престол. Александар испратил еден офицер во Азија да го уапси Атал или да го убие ако тој се противи.

Како што беше претходно спомнато, Атал и Парменио предводеле експедициска сила во Азија. Како што се очекувало, Атал пружил отпор и бил убиен. По неговата смрт, еден совет на војници му судел и го прогласил виновен за предавство и, во согласност со македонскиот обичај, неговите роднини биле осудени на смрт. Меѓу неговите роднини била неговата внука Клеопатра и Филиповото новородено бебе.

Во текот на зимата, Аминта, син на Пердика III, исто така, бил прогласен за виновен и осуден на смрт. Всушност, уште пред да планира да оди во Азија, Александар ги убил сите машки членови на неговата фамилија кои можеле потенцијално да ја загрозат неговата позиција.

Веста за убиството на Филип  го свртело вниманието на целиот свет, особено на градовите-држави кои се радувале што веќе го нема. Александар веднаш им дал на знаење дека од нив ја очекува истата лојалност што тие претходно ја имале кон неговиот татко. Тој ги потсетил градовите-држави дека договорот на Лигата на Коринт бил долгорочен и дека нему му дава законско право да биде хегемон, истото што бил и неговиот татко.

10ас12

Убиството на Филип

Но, зборовите на Александар ниту најмалку не ги вознемириле градовите-држави, така што во Атина тие од радост играле по улиците. Демостен, опиен од можноста за слобода, се појавил во Советот облечен во бело, со венец на главата, поднесувајќи им жртви на боговите поради радосните вести.

Повикот за слобода од Атина се проширил брзо како пожар во останатите градови-држави. Аетолците ги повикале назад сите оние кои биле прогонети од Филип; Амбрациотите /Ambraciots/ ги протерале македонските гарнизони; Тебанците зеле оружје в раце за да ја ослободат Кадмеја /Cadmeia/; а имало знаци на побуни на Пелопонез, Аргос, Елис и Аркадија.

Кога пристигнала веста дека Александар ќе го наследи Филип, Демостен се разбеснел. Веднаш испратил таен допис молејќи ги Парменио и Атал да интервенираат. За среќа, Атал и Парменио биле лојални на новиот крал и му дозволиле на Александар да се искачи на престолот без пречки. Па така, на крај, како и неговиот татко претходно, и Александар станал смртен непријател и ноќна мора на Демостен. Не успевајќи да ангажира помош од Македонците кои биле во Александровиот круг, Демостен стапил во чудни односи со персискиот крал и продолжил да работи против Македонија.

Револтот по смртта на Филип не се ограничил само во градовите-држави. Пристигнувале извештаи и од север, со тврдења дека и таму имало немири и побуни. Кога го слушнал тоа, Александар собрал силна војска и со брзина на молња тргнал и ненадејно ги нападнал своите непријатели.

 Градовите-држави биле први на агендата да бидат потчинети, додека неговата војска марширала во ненадејна посета на Тесалија. Кога го виделе Александар, Тесалијците не само што се покориле, туку покажале и силна готовност да го признаат за свој хегемон. Тие дури се понудиле да му помогнат да ја казни Атина и другите градови-држави поради нивните злосторства.

Откако ја покорил Тесалија, Александар продолжил понатаму кон југ, прегазувајќи ги сите оние кои му стоеле на патот, вклучувајќи ги и Термопилите. По задушување на Термопилите, свикал состанок со Амфиктионскиот /Amphictyonic/ совет, кој, без двоумење, го признал за хегемон. Потоа тивко заминал, марширајќи до Беотија /Boeotia/ и поставил камп во близина на Кадмеја.

Неговото ненадејно појавување во Теба, до смрт ги исплашило Тебанците и тие испратиле шокантни вести до Атина за морничав терор, особено по поставувањето на ултиматумот, според кој Александар барал да биде признат за хегемот или да се подготват за војна. Атињаните, очекувајќи го најтешкото, биле подготвени за војна, но им олеснало поради една алтернатива. Имено, преку своите амбасадори тие побарале простување поради тоа што не ја признале неговата хегемонија порано.

По завршувањето на неговиот поход, Александар ги свикал сите членови на Коринтската лига на состанок. Тогаш побарал од градовите-држави да го признаат за хегемон на Лигата, во согласност со договорот склучен со Филип. Спартанците, чиј одговор бил: “Наш обичај е да се следиме себеси, а не други кои сакаат нас да не водат,” не присуствувале.

Кога неговата работа со градовите-држави била завршена, Александар го свртел своето внимание кон подбуцнувачите на север. Прво на неговиот список било тракиското трибалско племе, кое живеело помеѓу Балканот и Дунав, со кое Филип се борел, ама не го потчинил. Тоа бил прв поход на Александар извршен без тактичката брилијантност на генерал Парменио, или без верната помош од пријателот и советникот, генералот Антипатер.

Успехот на овој посебен поход мора да и се припише исклучително само на Александровата лична генијалност. Пред да тргне во пресрет на Трибалијците, Александар ги испратил своите воени бродови од Византија преку Црното Море во Дунав и им наредил да пловат низводно и да заземат позиција на претходно одредените локации.

Во летото 335 година пред Христа, Александар ја повел својата војска кон север, се додека не ги нашол Тракијците. А Тракијците го окупирале преминот Шипка /Shipka Pass/ и си ја обезбедиле својата позиција на врвот од еден рид, зад едно утврдување направено од коњски коли. Вгнездени на тој рид, чекале додека војската на Александар не почнала да се искачува.

Пред Македонците да стигнат на ридот, Тракијците почнале да фрлаат запрежен оган, односно запалени запрежни коли, надевајќи се дека ќе ги натераат да се симнат. Но, Александар го предвидел нивниот план и им наредил на своите луѓе кои стасале речиси до врвот на ридот, да формираат колони со тоа што ќе направат патчиња за колите-оган да се тркалаат надолу, а на своите луѓе, кои биле подолу на ридот, им наредил да легнат во сосема рамна формација, а своите штитови да ги стават врз своите глави

10ас13Војска на Александар

Како што запрежните коли се тркалале надолу по ридот, така тие биле насочувани кон претходно одредените патеки во алеите, од страна на формациите, и како што се заврзувале, така се тркалале врз покривот од штитови без да  им нанесат некакви повреди на војниците. Благодарение на покажаната супериорна дисциплина, ниту еден живот не бил изгубен.

Александар успешно го освоил преминот Шипка и се симнал на северните рамнини за да го гони трибалискиот крал кој нашол засолниште на еден остров на Дунав. Трибалиската војска, која се повлекла кон север, претрпела уништувачки пораз. Три дена подоцна, кога Александар стигнал до Дунав, ја нашол својата флота која го чекала.

Им наредил на своите бродови да го гонат трибалискиот крал, но насипите на островот биле толку стрмни, што тие не можеле да се истоварат. Иако бил спречен, Александар не мислел да се откаже и дошол со нов план кој, иако им се чинел ирационален на неговите офицери, сепак наишол на нивно одобрување и поддршка. Планот на Александар бил “така да се исплаши кралот, за сам да се предаде”.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.