|
|
ПОСТОЈАНИ ЧЛЕНОВИ НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ” (10) |
ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН Монографското дело „Атанас Близнаков“, кое е во издание на Ректорат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје, 2017, 320, (на македонски и англиски) е посветено на најголемиот донатор во македонското иселеништво, Атанас Близнаков роден во селото Д’мбени, Костурско, а живееше во Гери,Индијана, во Соединетите Американски Држави. Атанас и Славка Близнакови со формирањето на Фондацијата „Атанас Близнаков“ отворија една нова страница во историјата на донаторството за Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, за македонските студенти, македонскиот народ и македонското иселеништво Оваа монографија Славе Катин му ја посвети на животот и делото на најголемиот македонски донатор и хуманист од дијаспората, кој заедно со својата сопруга Славка ја формира Фондацијата „Атанас Близнаков“ на Скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Во монографијата за Атанас Близнаков се прави обид да се фрли светлина врз неговиот животен пат, со посебна нагласка на неговата донаторска дејност. Трудот е компониран во пет дела, во кои секој има по повеќе глави, претставувајќи хронолошка и тематска заокружена целина, иако во основа тие меѓусебно се надоврзуваат и се дополнуваат. Кој е човекот што одбележа цел еден век со своето патриотско и хумано дело, со кое ќе остане во трајно сеќавање на генерациите млади Македонци - корисници на стипендии од неговата Фондација? Кој е човекот кој на младите Македонци и на својата земја и’ подари четири милиони американски долари? Во целиот свој животен пат делбата на Македонија ја сфаќаше како трагедија и погуба за македонското дело. Затоа со формирањето на Фондацијата „Атанас Близнакоф”, тој беше убеден дека ќе даде драгоцен придонес за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, за македонскиот народ и за Македонија, а во исто време тоа ќе претставува поттик и инспирација за идните генерации во иселеништвото и пошироко. Со осамостојувањето на Република Македонија како независна, суверена и демократска држава, Славка и Атанас Близнакови добија македонско државјанство што за нив беше голема чест и гордост. Со тоа тие беа државјани и на Соединетите Американски Држави и на Република Македонија, за што Атанас Близнаков зборуваше со одбрани зборови. Инаку, Атанас Близнаков со неговата сопруга Славка живееше во Скопје повеќе од дваесет години (1976-1998). Во тој период Близнаков публикуваше две книги. Првата е ,,Д’мбени и револуционерното минато во Костурско”, издадена од Издавачката куќа ,,Мисла” од Скопје во 1982 година, а втората е ,,Националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и Канада”, што ја издаде ,,Култура” од Скопје во 1987 година За основањето на Фондацијата „Атанас Близнаков”, секако, еден од најзаслужни е Томе Буклески - Маќули, како претседател на Матицата на иселениците од Македонија, кои заедно со Димче Стојанов – Мире и со Атанас Близнаков ја осмислија, ја поддржаа идејата и ја формираа Фондацијата. Така, Томе Буклевски-Маќули стана и првиот доживотен член на Фондацијата. Тој, заедно со Атанас Близнаков, Димче Стојанов – Мире и други членови на тогашната Матица на иселениците од Македонија вложија усилби да се реализира идејата за основање фондација. Тој со својот коректен, исправен и патриотски однос, придонесоа Атанас Близнаков да дојде во Македонија и да основа Фондација. Томе Буклески - Маќули, е роден на 21 октомври 1921 година во Кичево, а почина на 02 септември 2018 година. Член на КПЈ е од 1941 година. Учесник е во НОВ на Македонија од 1941 година и носител на „Партизанска споменица 1941”. Определен за напредното и комунистичко движење уште од раната младост, во 1940 година станал член на Партиското поверенство на Кичево, а веднаш по окупацијата на земјата, се вклучил во НОВ. Поради својата револуционерна дејност, во април 1942 година бил осуден на робија и интерниран на издржување на казната во Тирана, заедно со група членови на Комунистичката партија на Македонија. На робија останал до септември 1943 година, кога со група политички затвореници успеал да побегне. Се вратил во Македонија и партиски дејствувал на кичевскиот терен. Станал член, а потоа секретар на Околискиот комитет на КП на Кичево. Од рајот на 1943 година својата актинвост ја продожил во единиците на НОВ, каде што бил заменик – политички комесар на баталјон и на група баталјони. По војната бил на раководни должности во ресорот на внатрешни работи, советник во Преставништвото на ФНРЈ во Албанија, член на Бирото на Обласниот комитет на КПМ – Битола и на Градскиот комитет во Скопје, политички секретар на Околискиот комитет на СКМ во Охрид и во Скопје, секртар на Организационо-политичкиот секретаријат на ЦК СКМ и др Бил избран за член на ЦК СКМ. Бил член на Извршниот комитет на ЦК СКМ и член на Претседателството на Републичкиот одбор на СЗБНОВ на Македонија, претседател на Матицата на иселениците од Македонија и претседател на Републичкиот општествен совет за односи со странство. Во 1982 година беше избран за член на Претседателството на СР Македонија, потоа член на Советот за народна одбрана на СР Македонија, и на Републичкиот општествен совет за односи со странство. Одликуван е со повеќе високи одликувања. Во текот на дваесетина години Фондацијата се раководеше со почетните Правила. Меѓутоа, со текот на времето, во чекор со новите општествени трасформации, а врз основа на точка В од Одлуката за основање Фонд „Атанас Близнаков” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје донесена на 148-та седница на Универзитетскиот совет од 18.ИВ.1977 година, Универзитетската управа на 16-та седница одржана на 6.ИИ.1996 година донесе Правила за измени и дополнувања на Правилата на Фондот „Атанас Близнакоф” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје. Во документот, меѓу другото се вели дека во членот 5, став 2, името и презимето Димче Стојанов – Мире се заменува со името и презимето Славе Николовски – Катин, кој заедно со Томе Буклевски постанува доживотен член на Фондот „Атанас Близнаков”. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |