Среда, 20 Декември 2023   
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ (11)

2kate1

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Славе Николовски – Катин, ѝ  е познат на македонската и на меѓу­народната  културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката...

Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште  завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Студираше и на Вишата геодетска школа во Белград

Како студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто.

По завршувањето на Филозофскиот факултет во Скопје, работеше како координатор и стручен преведувач во Хидробиолошкиот завод во Охрид, во периодот на истражувањето на Охридското Езеро, со договорот меѓу Заводот и Смитсоновата фондација од Вашингтон, САД.

Во текот на работата во Заводот изврши поголем број преводи од научен и друг карактер од македонски на англиски јазик и обратно, меѓу кои и една докторска дисертација и поголем број научни трудови кои се печатени во изданијата на Заводот и во други зборници и научни списанија во земјата и во странство.

Од 1979 до 1984 година беше вработен во Матицата на иселениците од Македонија, каде што ја водеше Информативната служба и работеше како прведувач и новинар во списанието ,,Македонија”. Од 1984 до 1990 година работеше во Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија, каде што ги уредуваше  ,,Информативниот преглед на активностите на РК ССРНМ” и другите информативни и различен вид публикации.

Потоа, од Претседателството на РК ССРНМ беше именуван за раководител на Службата за информирање, за секретар на Комисијата на РК ССРНМ за меѓунационални односи и за секретар на Одборот за остварување на улогата на ССРНМ за прашања на религијата и верските заедници.

Во април 1991 година од првиот Парламент на Република Македонија беше избран за заменик претседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија.

Во текот на неговата работа и творечка дејност објави шеесет и една публикација,, меќу кои, лексикографски изданија, преводи од македонски на англиски јазик и обратно, научни трудови, на 5.000 новинарски текстови и други научни трудови презентирани во светот.

Славе Николовски – Катин како активен новинар беше избран за секретар на Здружението на новинарите на Македонија, на која должност остана пет години. Потоа беше член на Претседателството и на Комисијата за меѓународна соработка на Здружението. Беше член и на Советот на Центарот за странски јазици во Скопје, на Издавачкиот совет на „Меѓународна политика” од Белград, член на „Друштвото на литературните прегедувачи на Македонија” и почесен член на Меѓународната академија за слобода на религијата во Вашингтон, САД.

Два мандата беше потпретседател на Друштвото за литература и култура „Македонија-Канада”, потоа почесен член е на Здружението за примена на македонскиот јазик во службената и во јавната комуникација; член на Друштвото за наука и уметност од Битола, почесен член на Литературните друштва „Браќа Миладиновци” од Торонто и „Григор Прличев” од Сиднеј, како и потпретседател и доживотен член на Одборот на Фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

Славе Николовски - Катин, кој е познат само како Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа, во Охрид, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во Маке- донската православна црква - Охридска архиепископи ја и во Македонците насекаде во светот. Тој и’ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публи- кации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората.

Славе Катин не припаѓа на политичка партија, бидејќи тој е припадник на етничка Македонија, на Македонците во дијаспо- рата и на Македонската православна црква- Охридска архиепи- скопија (МПЦ-ОА), која како институција игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македо- нија, особено во прекуокеанските земји и насекаде во светот.

Разновидната палета на Катин за реализација на стратешките цели на ова поле опфаќа бројни напори, од кои дел веќе функционираат. Покрај релативно честите посети на трите континенти и неговите приватни средби со мигрантите, преку неговите монографски публикации за најуспешните од нив, Катин, исто така, се обидува да предизвика интерес кај државните лидери во земјата за соработка со дијаспората. Ова особено се очекува со објавување на неговата 55 книга Израел и Македонија (на англиски, македонски и хебрејски).

Во неговата биографија е забележано дека извесен период по неговото раѓање, семјеството се преселува во Љубојно, од каде е неговата мајка Сандра. До завршувањето на осумгодишното училиште во Љубојно и средното училиште во Скопје го носи презимето на мајка му – Грежловски, а потоа на факултет во Белград продолжува со презимето на неговиот биолошки татко Ристо (Барџевски) – Николовски.

Во Љубојно Славе го минува поголемиот дел од детството, од младоста, а се навраќа во него скоро цел живот. Катин таму има библиотека со околу 4.000 книги Таму од мали нозе го почувствувал тешки- от печалбарски живот на луѓето од Преспа, особено преку печа- лбарската сага на дедо му Алексо (Алек) Ристов – Грежлов во Детроит, мајка му Сандра и очихот Јосиф Ничевски во Торонто

Славе Катин е добитник на голем број награди и признанија од бројни организации, друштва, установи, цркви и црковни општини во Република Македонија и во странство. Тој, исто така, е добитник на најпрестижната награда „Крсте Петков Мисирков 1991“ на Здружението на новинарите на Македонија од областа на журналистиката.

Тој е потпреседател на Управниот одбор и доживотен член на фондацијата „Атанас Близнаков“.

Продолжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

За прв пат во историјата на самостојна Македонија, ЖЕНА ќе биде Претседателка на Македонија

Професорката Гордана Силјановска Давкова ги има сите адути да биде идната мајка на нацијата....

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922 година

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

News image

ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ КАКО ИГРАОРЕЦ, КОРЕОГРАФ, ВАЈАР... 15)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

СИНИША СТАНКОВИЌ – ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (10)

Д-р Милка Пљакиќ долгогодишен асистент на Станковиќ, познат биолог и научен работник, за професорот ...

Фељтон

News image

ЗГАСНА СРЦЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДОНАТОР И ХУМАНИСТ АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ I) (21)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.