Среда, 03 Јануари 2024   
ИЗЈАВИ НА КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ” ( I ДЕЛ) (13)

1lu2

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Од 1979 година до денес Фондацијата „Атанас Близнакоф” имала 273 корисници на стипендии. Тие биле на сите факултети кои се во рамките на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје.

Во оваа прилика ке поместиме изјави на дел од студентите. Така, Гоце Ристовски беше еден од првите шест стипендисти на Фондацијата „Атанас Близнакоф”. Тој е роден на 8.04.1958 година. По завршувањето на гимназијата во Крива Паланка во учебната 1976-77 година, се запиша на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска литература.

Следната учебна година во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје почнаа со работа Интердисциплинарните студии по новинарство на кои се запиша и Гоце Ристовски, користејќи ја можноста за напоредно студирање, како студент со висок просек од веќе положените испити на Филолошкиот факултет.

Истата учебна година, донаторот Атанас Близнаков по неговото враќање во татковината, ја основа својата Фондација за стипендирање на талентирани студенти, во која Гоце Ристовски стана еден од првите корисници на стипендијата од Фондацијата.

Гоце Ристовски кој беше уредник во Културната рубрика во весникот ,,Нова Македонија”, за Фондацијата го изјави следното::

Стипендијата од Фондацијата „

Атанас Близнакоф” претставуваше исклучителна можност и мошне значајна поддршка на многумина млади и талентирани студенти, бидејќи во голема мера ги решаваше нивните материјални проблеми. Нејзиниот износ беше висок, двеста американски долари годишно во динарска противвредност, па освен основната егзистенција, можевме да си допуштиме и набавка на нужната и дополнителна литература.

 1lu22

Скопје

Атанас Близнаков себеси се даруваше целосно на Македонија. Неговата поддршка преку Фондацијата не беше само материјална, туку и духовна, инспиративна... Неговиот однос кон „своите деца”, неговите стипендисти, беше татковски, што го покажуваше во средбите со нас, заеднички и индивидуални. 

Човекот што во Македонија дојде со големо богатство и што несебично го даруваше на татковината, ја донесе и исклучително значајната книга „Локвата и вињари” од Македонецот Лазар Поп Трајков, што под редакција на академик Блаже Конески беше публикувана.

Меѓу студентите корисници на стипендијата од Фондацијата на Атанас Близнаков се разви и пријателство. Од тој период ме врзуваат многу спомени од другарувањето со Стојче Наумовски, кој исто така, напоредно студираше два факултета и тоа пријателствување траеше до неговото заминување од земјата.

Повеќемина од корисниците на стипендиите на најдобар начин возвратија на благодарниот чин на Атанас Близнаков, оставајќи траги низ својата натамошна работа во духот на замислит

 Доц. д-р Сретен Андонов исто така, беше еден од студентите кои биле стипендисти на Фондацијата „Атанас Близнакоф”, кој со одбрани зборови говори за значењето на Фондацијата. Помошта на Атанас Близнаков ја смета за многу корисна за студентите токму во најтешките денови од финансиски аспект. Затоа хуманитарното дело на донаторот ќе биде вечно, вели д-р Андонов.

Инаку, д-р Сретен Андонов е роден на 16.02.1964 година во Скопје. Основното  и средното образовнаие ги завршил во Скопје, со одличен успех. Во учебната 1982/83 година се запишал на Земјоделскиот факултет во Скопје, отсек сточарство, и заминал на отслужување на воениот рок.

Во наредните години ги започнал студиите, а ги завршил во јануари 1988 година со просечен успех 9,03. Како солиден студент во учебата 1985/86 година стана стипендист на Фондацијата „Атанас Близнакоф” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Од 01.01.1989 година е примен на работа на Земјоделскиот факултет како асистент на предметот општо сточарство.

Постдипломските студии од областа на генетиката и селекцијата на домашните животни ги завршил во 1994 година на Биотехничкиот факултет во Љубљана. Во меѓувреме бил на неколку студиски престои во Медитеранскиот земјоделски институт во Сарагоза, Шпанија. Таму ги изучувал современите методи што се применуваат во селекцијата на малите преживни животни.

Во текот на 1992 година учествувал во програмата „Миссион Цаприне” организирана од Владата на Франција. Во 1995 година го посетувал курсот „Увод во дизајнирање и економика на стратегиите за одгледување на домашните животни”, одржан во Прага, како дел од годишната конференција на Европската асоцијација на сточарското производство.

Во 1996 година ја пријавил докторската дисертација под наслов „Селекција на козите со примена на модел на лактациска крива” на Земјоделскиот факултет во Скопје. Дисертацијата ја одбранил во 1997 година.

Од јануари 1998 година е избран за доцент на предметот општо сточарство на Земјоделскиот факултет во Скопје.

Доцентот д-р Сретен Андонов за Фондацијата „Атанас Близнакоф” рече дека стипендијата ја добил како признание за неговиот успех во студирањето и дека таа претставувала стимулација во неговата натамошна работа.

Продолжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ

  Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на...

Историја

News image

Албанците од Македонија не се фински швеѓани-Драган Богдановски- 1997г.

Госпоѓа Елизабет Рен, финска државјанка од миноритетската шведска јазична група, бивша министерка за...

Иселеници

News image

АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ЛЕИК ПЛЕСИД (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р МОТОКИ НОМАЧИ ОД ЈАПОНИЈА – ПОЧИТУВАЧ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Професорот  Мотоки Номачи е истражувач на словенската лингвистика, на социолингвистиката и на...

Фељтон

News image

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ (20)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.