Среда, 05 Јуни 2019   
МАКЕДОНСКИ ФИЛМ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО СИДНЕЈ

Dusan RistevskiДушан Ристевски-Сиднеј, Австралија

МАКЕДОНСКИ ФИЛМ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО СИДНЕЈ

На овогодишниот интернационален Филмски фестивал во Сиднеј ќе се прикаже македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митревска и во главна улога на Зорица Нушева.

Овој филм е работен врз вистинска случка во Штип и извонредно ја пренесува приказната за храброста на една невработена жена да се спотивстави на воспоставени и затемелени структури на стереотипите и патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја обознови солидарноста во борбата против неправдата. Петрунија (Зорица Нушева) на религиозниот празник Водици решава да се фрли по крстот во ладните води. Но кога успева да го фати, почнуваат и нејзините проблеми затоа што е жена.

Филмот е најавен како „емотивен енергичен манифест на балканскиот феминизам“. Филмот ги открива „мистериозните длабочини на човекот“, а режисерката Митевска со приказната успева да направи „сатира помеѓу гневот и меланхолијата“, таа патува амбициозно „за да ги разреши хипокризите на нашето време“.

Инаку филмот е прикажан на повеќе филмски фестивали во Русија, Украина, Франција, Германија и е наградуван повеќе пати. На еден филмски фестивал во Германија кој е посветен на женски автори ја доби главната награда; на филмскиот фестивал во Тирана беше прогласен за најдобар филм и награда за најдобра женска улога доби Зорица Нушева; на престижниот филмски фестивалот во Берлин освои две награди Ecumenical Award и Guild Film Prize и доби позитивни критики што овозможи полесно дистрибутирање во светот, а еве сега и прикажување во Сиднеј.

На фестивалот во Сиднеј и после секоја проекција ќе биде присутна и режисерот Теона Стругар Митревска која ќе има свое обраќање пред сиднејската публика.

Треба да бидеме горди што македонската кинематографија повторно се преставува на Сиднејскиот фестивал, посебно во време кога за нас Македонците многу е важно да зборуваме за Македонија без придавки и додавки.

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе има само три проекции и тоа во четврток 13 јуни во 6.15 и петок 14 јуни во 11.45 во State Theatre во Сиднеј како и на 15 јуни во 3.45 во Hayden Orpheum во Cremorne. 

Со карти ќе можете да се снабдите преку следната веб страница:

https://www.sff.org.au/program/browse/god-exists-her-name-is-petrunya

 

На прво место

Иселеници

News image

31 годинишно постoење на Фондацијата „Петар Стаматов“ (6)

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ – САД

Култура и туризам

News image

МОЈА АНТОЛОГИЈА

 Проф. д-р. Марко Китевски Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко м...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.