Среда, 19 Јуни 2019   
Улогата на МПЦ-ОА за Македонците во САД (2)

mpc1

Притоа, треба да се нагласи дека обновата на Охридската архиепископија и формирањето на Македонската православна црква во Република Македонија во 1958 година, беше силен поттик за иселениците од САД да преземат акции за изградба на свои Македонска православна црква.

Кога се пишува за организираното дејствување во Соединетите Американски Држави, треба да се каже дека тоа го опфаќа мнозинството македонски иселеници кои како птици преселници свиле ново гнездо .Важна компонента на ваквото организирање е тоа што тие се сплотени во самостојни асоцијации, пред се’ цркви и црковни општини, во кои членуваат Македонци, без оглед од кој дел на Македонија потекнуваат. Притоа, верско-националните објекти иселеничките организации и нивното членство постојано се зголемуваат, а нивната активност се проширува и квалитетно се подобрува.

Од особено значење за активноста на македонските иселеници е создавањето на македонските православни цркви и црковни општини. Така, во изминатиот период се постигнати видни резултати во духовниот и културно-просветниот живот. Формирани и изградени дваесетина цркви и манасатири, голем број друштва, организации, спортски клубови и други форми на дејствување, во кои масовно се собираат македонските иселеници од сите делови на етничка Македонија.

Македонските православни цркви и црковни општини во САД се мошне ценети од тамошното општество, пред се’, поради резултатите што Македонците ги постигнуваат во работата, а и поради нивниот однос и висок степен на лојалност кон новата татковина-Соединетите Американски Држави. Меѓутоа, најзначајно е тоа што македонските иселеници преку своите црковни општини ја афирмираат својата стара татковина Македонија, со што даваат прилог и на планот на меѓународните односи.

Македонските православни црковни општини   се најзначајните и најмасовните собиралишта на македонските доселеници во САД. Во македонски храмови, покрај богослужбата, слободно се слуша македонскиот збор, мајчиниот јазик донесен од стариот крај. Во тие културно-просветни и духовни центри работат македонски училишта, каде што се учи мајчиниот македонски јазик, националната историја и географија, а во голем број цркви и верска поука.

Така, отворени се процесите за создавање културно-уметнички, забавни, литературни и спортски друштва, издавање весници, билтени и списанија, како и отворање македонски радио и ТВ-емисии. Притоа, македонските православни цркви опстојуваат во демократските  САД како несоборлива вистина, како важен фактор во иселеничките средини. Црквите постојат како траен белег, признати се од домашниот фактор и без никакви пречки дејствуваат во средината во која живеат и работат Македонци.  

mpc2
Црквата „Свети Петар и Павле“ во Краунт Поинт, Индијана
         

Македонските православни цркви во САД се најзначајните и најмасовните собиралишта на Македонците од сите делови на Македонија. Во тие македонски храмови, покрај богослужбата, слободно се слуша македонскиот збор, мајчиниот јазик донесен од стариот крај. Притоа, македонските православни цркви опстојуваат во дијаспората како несоборлива вистина, како важен фактор во иселеничките средини. Црквите постојат како траен белег, признати се од домашниот фактор и без никакви пречки дејствуваат во средината во која живеат и работат Македонци.

Така, во Гери, градот кој е сместен на триесеттина километри од метропо-лата Чикаго, во државата Илиноис е изградена македонската православна црква “Свети Петар и Свети Павле”. Таа е прва македонска православна црква во САД, и воопшто на северноамериканскиот континент. Црквата “Свети Петар и Свети Павле” е една од најзначајните и најпознатите цркви и културно-просветни институции на Македонците во Северна Америка и пошироко.

За историскиот развој на овој храм што е презентирано во делата „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ и „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, се вели дека таа е прва црква на Македонците во САД, која е под јурисдикција на Македонската православна црква. Иницијативата за формирање на првиот македонски црковно-народен и духовен храм беше поттикната од група Македонци во септември 1960 година.

Меѓутоа, Македонците во Гери пројавија широки активности уште во врмето на организацијата МАНС (Македонски американски народен сојуз), во која членуваа поголем број напредни, прогресивни и познати иселеници, меѓу кои: Благој Попов, Атанас и Васил Близнаков, Методи Метлев и други.

Потоа во Гери беше формирано Д’мбенското селско друтво, едно од најактивните македонски асоцијации на тие простори, а преку друштвото „Александар Велики“, кое се формира во 1938 година почна обединувањето на Македонците. Всушност во друштвото „Александар Велики“ се поставени основите за Македонската православна црква „Свети Петар и Павле“.

Притоа, треба да се нагласи дека обновата на Охридската архиепископија и формирањето на Македонската православна црква во Република Македонија во 1958 година, беше силен поттик за иселениците од Гери и околината да преземат акција за изградба на своја Македонска православна црква. Набргу потоа во 1960 година, бил направен писмен предлог до македонските семејства во градот Гери и во околината за изградба на македонска црква, што го потпишале 98 лица, кои побарале дозвола од американските власти за изградба на Македонска православна црква.

Иницијативата за изградба на црква беше со радост поздравена и прифатена од голем број македонски доселеници од етничка Македонија. Така, во 1961 година црковната општина е регистрирана од Македонската митрополија во Скопје, кога е побарано да биде испратен свештеник. Таму бил свештеникот Спиро Танасковски од Битола кој за прв пат за православните доселеници отслужи богослужба на македонски мајчин јазик во една Сиријска православна црква.

Во почетокот оваа црква е адаптирана во православен храм, а потоа на 14 октомври 1962 година е поставен камен темелникот на идниот македонски храм кој е прв македонски објект на североамериканскиот континент. Овој нов и прв македонски национален и духовен храм е осветен на 14 јули 1963 година од поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г. Доситеј во сослужение со свештено служители Климе Малевски, Кирил Стојановски и Спиро Танасковски, а во присуство на голем број Македонци од сите делови на Македонија.

mpc3

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, Охајо

Инаку, прв претседател на ова прва македонска православна црква на северноамериканскиот континент беше истакнатиот иселеник Методија Метлов. Исто така, голем придонес за формирањето на црквата „Свети Петар и Свети Павле“ дал и познатиот донатор Атанас Близнаков, кој во САД живееше над 50 години и по враќањето во Македонија ја формира најголемата фондација „Атанас Близнаков“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во 1986 година е решено да се купи нова локација на која на 16 октомври 1988 година се поставени и осветени темелите на денешната црква „Свети Петар и Павле“ во Краунт Поинт. Со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ, новиот храм со придружните објекти е осветен на 21 јули 1991 година. Чинот на осветувањето го изврши митрополитите Тимотеј и Стефан. А објектот на „Свети Петар и Павле“ има капацитет за 400 верници и во него ги задоволуваат сите црковни потреби православните Македонци, кои живеат на тие американски простори.

Во состав на црквата е изградена сала за околу 1000 луѓе, како и други простории во кои се одвиваат активности кои се од секојдневното живеење на Македонците во Гери и пошироко. Сликата на црковниот комплекс ја збогатуваат спортскиот објект и големиот паркинг.

Во рамките на црквата од 1979 година работи фолклорната група “Китка”. Исто така, широки активности пројавуваат: женската, младинската и спортската секција, театарската група, црковниот хор, неделното македонско училиште, фудбалскиот клуб “Вардар”, библиотеката и хуманитарната организација.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, Охајо, пак,  е една од првите и значајните македонски православни цркви во САД. Во историјата на МПЦ е забележано дека таа е важна по тоа што на 29 септември 1958 година, во рамките на македонската колонија, за прв пат на американскиот континент се одржа света богослужба на мајчин македонски јазик. Овој чин е извршен во салата на друштвото “Александар Македонски”, формирано во 1938 година, а кое во 1949 година се здоби со сопствена сала, која на 4 март 1973 година ја отстапи на користење на црквата.

Истиот датум фудбалскиот клуб “Македонија” влезе под покровителство на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Во 1961 година е купено место за изградба на црквата, каде на 30 август 1964 година се поставени и осветени темелите, а потоа и започна изградбата на црковниот храм.

mpc4

Во публикациите „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД и „Македонците во САД и Канада“ е даден историскиот развој на Македонските православни цркви и македонските иселеници во САД

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е осветена на 9 мај 1965 година од тогашниот архиепископ скопски прв митрополит македонски г.г. Доситеј, во сослужение на бројни свештени лица а во присуство на неколку стотици македонски верници од етничка Македонија, претставници на американското општество и медиумите.

Храмот има претрпено голем број измени. Така, во 1978 година е изградена нова сала и други помошни простории. Во рамките на црковната општина со успех работи: женска секција, неделно училиште, потоа фудбалскиот клуб “Македонски танец”, хорска, младинска, пејачка, рецитаторска и други секции.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ повеќепати беше домаќин на македонските црковни народни собири, а на собирот во 1985 година, тогашниот градоначалник на Колумбос го прогласи американско-канадскиот архиереј, митрополитот Кирил за почесен граѓанин на градот Колумбос, Охајо.

Продолжува

slave

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

Иселеници

News image

31 годинишно постoење на Фондацијата „Петар Стаматов“ (6)

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ – САД

Култура и туризам

News image

МОЈА АНТОЛОГИЈА

 Проф. д-р. Марко Китевски Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко м...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.