Среда, 26 Февруари 2020   
ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (20)

IF1

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА БЛИЗНАКОВ 

Ликот и делото на Атанас Близнаков ќе останат вечни. Тој е првиот и единствениот хуманист и донатор на толку голема фондација. Во исто време тој е поттикнувач и на други слични фондации, како што е Фондацијата ,,Петар Стаматоф” основана по терк на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” 

Затоа, не случајно се вели дека Фондацијата „Атанас Близнаков” е трајна, многузначајна и со големи перспективи. Тоа е познато и признато, не само во македонската држава, туку и пошироко во македонската дијаспора, од каде што во иднина се очекуваат и други слични фондации.

По повод одбележувањето на 22-годишнината на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” и 11-годишнината на Фондацијата ,,Петар Стаматоф” на заедничката седница, на 18 април 1999 година, ректорот проф. д-р Александар Анчевски, во своето обраќање до членовите на двете фондации, до проректорите, до студентите, роднините и пријателите на овие донатори, рече:

„Почитувани членови на советите на Фондацијата „Атанас Близнаков” и на „Петар Стаматоф”, почитувани студенти – стипендисти, почитувани гости.

Денешнава свечена седница на двете фондации „Атанас Близнаков” и „Петар Стаматоф” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, ја посветуваме на споменот и благодарноста кон двајцата наши големи донатори Атанас Близнаков и Петар Стаматов.

Советот на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” и Советот на Фондацијата ,,Петар Стаматоф” на својата редовна седница одржана на 3.12.1998 година одлучија секоја година да се одбележува основањето на фондациите со свечена седница.

IF2

Ректортот Велимир Стојковски, Иван Џо Петрески, претседателот на Матицата и Славе Катин, авторот на монографијата „Близнаков“

Фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето е формирана со Одлука на Универзитетскиот совет, донесена на 148-та седница од 18.ИВ.1977 година, врз основа на лично изнесената желба на нашиот сонародник Атанас Близнаков, како и врз неговото последно завештание и тестамент.

Фондацијата „Петар Стаматоф” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето е формирана со Одлука на Универзитетскиот совет, донесена на 228-та седница одржана на 1.ИВ.1988 година на писмено барање на нашиот сонародник Петар Стаматов, со почетен капитал од 250.000,00 американски долари. 

Атанас Близнаков е роден во почетокот на овој век. На 15 декември 1901 година во револуционерното село Д’мбени, Егејска Македонија. Петар Стаматов е роден кон крајот на 19 век, во 1898 година во славното Смилево.

Соочени со тешката материјална состојба на својата поделена и осиромашена земја и двајцата тргнале во новиот свет – Америка, да бараат подобар живот.

Атанас Близнаков во Гери, Индијана, САД живеел повеќе од половина век. Во Македонија се вратил во 1976 година заедно со својата верна сопатничка, сопругата Славка и веднаш се зафатил да ја реализира својата дамнешна желба: својата макотрпна печалба остварена во далечна Америка да ја стави во функција на создавање материјални услови за студирање на наши студенти. Така, оваа негова желба, му се оствари во 1977 година со формирањето на Фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Петар Стаматов, пак, целиот свој животен век го поминал во Илиноис, САД, но врските со својата родна Македонија никогаш не ги прекинал. Неколкупати ја посетил Македонија. По основањето на Фондацијата ,,Петар Стаматоф” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Управата на Универзитетот го поканувала да го посети Универзитетот. Длабоката старост беше причина што со жалење не можеше да ги прифати поканите. 

Петар Стаматов почина на 28 јануари 1995 година, а Атанас Близнаков почина на 10 јули 1998 година. И двајцата починаа на 97 години.

Иако Атанас Близнаков и Петар Стаматов немале свои родени деца, тие, својата огромна љубов и благородна душа ја преточиле во одлуката за основање на фондациите за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето, со што стекнале стотици свои деца кои со голема благодарност ќе си спомнуваат за нив.

Од формирањето на фондациите стипендии добивале над 450 студенти од сите високообразовни организации, од кои 350 веќе дипломирале, некои од нив се стекнале и со високи научни звања: магистри и доктори на науки.

Големото благородно дело на нашите сонародници – донатори Атанас Близнаков и Петар Стаматов, претставува своевиден пример за младите генерации да придонесуваат за развојот на науката и за афирмацијата на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а со тоа да учествуваат и во развојот и јакнењето на угледот на нашата држава, Република Македонија, за што тие, низ целиот свој животен пат се залагале и придонесувале.

Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје им е вечно благодарен на Атанас Близнаков и на Петар Стаматов и нивните имиња ќе ги заземаат првите места на Спомен – плочата на донатори, изработена во знак на почит и благодарност кон сите кои дадоа значаен придонес во создавањето и развојот на творечкиот подем на Универзитетот.

Исто така, за одбележување е дека на 23.03.1999 година министерот за изелеништво, м-р Мартин Треневски испрати писмо до проф. д-р Александар Анчевски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, во кое се вели:

„Почитуван г-не Анчевски,

Ве известуваме дека Министерството за иселеништво планира да покрене иницијатива пред надлежните тела на Советот на град Скопје, улицата ,,27 Март” во Скопје, на која се наоѓаат службените простории на Министерството да сепреименува и во иднина да го носи името на најголемиот донатор поединец во Република Македонија, покојниот Атанас Близнаков.

Според наше мислење, Атанас Близнаков со својот живот и хумано дело заслужува највисоки почести.         

Поводот да се избере токму улицата „27 Март” е мотивиран од фактот што за време на својот живот Атанас Близнаков речиси секојдневно престојуваше во зградата на Министерството која тогаш ја користеше Матицата на иселениците од Македонија и тоа беше едно од најомилените места на големиот донатор.

Како што Ви е познато на 10 јули 1999 година се навршува една година од неговата смрт. Цениме дека ќе биде многу значајно пред денот на поменот да се изврши преименување на наведената улица, а на 10 јули со скромна и пригодна свеченост да биде одбележана годишнината од неговата смрт. На мислење сме дека ова ќе има огромен одглас меѓу македонските иселеници во Америка, Канада, Австралија и Европа.

Ве молиме, доколку цените дека оваа иницијатива е оправдана, да ја разгледаат надлежните тела на Ректоратот и да ни дадете соодветна поддршка. Доколку, пак, цените дека би било поцелисходо иницијативата да биде покрената од Ректоратот и Министерството, ние сме подготвени иницијативата да биде покрената обострано.

Во очекување на одговор и Вашата лична поддршка, дозволете да Ви ја искажам нашата најискрена благодарност – се вели во текстот.

На ова писмо ректорот на Универзитетот проф. д-р Александар Анчевски одговори:

,,Во врска со Вашето писмо бр. 94/03 од 23.03.1999 година за покренување иницијатива пред надлежните тела на Советот на град Скопје, улицата ,,27 Март” во Скопје, на која се наоѓаат службените простории на Министерството за иселеништво, во иднина да го носи името на најголемиот донатор поединец во Република Македонија, покојниот Атанас Близнаков, Советот на фондацијата ,,Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во скопје, на својата вонредна седница одржана на 1.04.1999 година, со големо задоволство ја прифати и ја поддржа Вашата иницијатива. Универзитетот во рамките на совит енадлежности ќе направи таа иницијатива да се реализира.

Почитуван министер, како што Ви е познато, при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со Одлука на Универзитетскиот совет, донесе на 148-та седница одржана на 18 април 1977 година, а врѕ основа на лично изнесената желба на Атанас Близнаков, е основана Фондацијата ,,Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје за стипендирање  студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето.

IF3

Атанас Близнаков со блиски роднини и пријатели од Д’мбени

Изразувајќи ја својата приврзаност кон Македонија и кон Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, својата макотрпна печалба остварена во далечна Америка, покојниот Атанас Близнаков, со посебно задоволство и подготвеност ја стави во функција на создавање материјални услови за студирање на студентите на Скопскиот универзитет.

Формирањето на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето е прва во историјата на Универзитетот, и со тоа, таа има двојно значење: првото и основното значење е содржано во самата намена на Фондацијата, во мотивот и желбата на Атанас Близнаков да го стимулира она што за секој народ е најдрагоцено и најпотребно – знаењето.

Второто значење на овој чин произлегува од фактот што со него се создава една традиција со која на недвосмислен начин се манифестира привзаноста и љубовта на нашите иселеници кон својата татковина.

Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, вечно ќе му биде благодарен на Атанас Близнаков и неговото име вечно ќе го зазема првото место на Спомен – плочата на донатори, изработена во знак на почит и благодарност кон сите кои дадоа значаен придонес во создавањето и развојот, во творечкиот подем на Универзитетот.”

Во врска со овој предлог, Советот на Град Скопје, односно неговата Комисија за именување улици, плоштади, мостови и други инфра структурни објекти, донесе Предлог-решение за преименување на улицата ,,27 Март” во улица ,,Атанас Близнаков”. Со него се задолжува Градскиот комитет за урбанизам, комунално-станбени работи, сообраќај и заштита на човековата околина да го спроведе тоа Решение во рок од триесет дена од неговото влегување во сила.

Продолжува

d5

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Децата во Македонија ќе учат дека Александар Македонски бил Грк, а Македонците Илири

Учебниците по историја во Македонија ќе се преправаат и во нив изричито ќе биде наведено д...

Историја

News image

Заедничка изјава меѓу Јосип Броз Тито и Тодор Живков-(јануари 1976 година)

“Претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и претседател на Сојузот на комун...

Иселеници

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (13)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ III)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.