Среда, 29 Јули 2020   
ГОЛЕМАТА ЉУБОВ НА ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ КОН РОДНАТА ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА (10)

2.6.5

Бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ - Атанасоски се наметна и ја увери македонската јавност  дека  успешно  се  снашол  надвор од  границите  на  Македонија,  во  својата втора татковина - Соединетите Американски Држави. Тој навистина се претставил како прототип на Македонец кој со сите свои квалитети, умеења, знаења и приспособливост, станал еден од најзначајните бизнисмени и најбогатите Македонци во дијаспората. Воден од љубовта кон Македонија и од нејзиното сонце, активен е и во својата родна Македонија. Неговите резултати во економијата, политиката, медиумите, хуманитарните и други донации се видливи и многу значајни за Македонија и македонскиот народ.

Во текот на неговите престојувања во Македонија имал голем број средби, разговори, со видни личности од општественполитичкото живеење. Исто така, тој учествувал на трибини, митинзи, избори, деловни и други разговори, за што дал бројни изјави и интервјуа. Така, во јуни (житар) 1994 година, како претседател на „Македонскиот светски конгрес“ за Северна Америка, господинот Атанасоски преку медиумите се обрати до македонската јавност. Меѓу другото, тој ги изложи своите погледи за можностите за македонски економски препород и за нејзиниот натамошен демократски развој.

Во своето обраќање како кандидат за претседател на Република Македонија, бизнисменот Атанасоски само што пристигна од САД рече дека Македонија е меѓународно призната, иако не под нејзиното уставно име. Меѓутоа, Ма- кедонија постоела, постои и ќе постои сè додека светот светува и векот векува и продолжил со своето излагање:

2.6.6                                              

Опстанокот на Македонија и нејзиниот економски развој е апсолутно пренагласен од донесувањето нови системски закони со кои демократијата конкретно, а не само номинално како досега, би можела да просперира. Донесувањето на системските закони, односно воспоставувањето на правната држава, власта неколку пати го пролонгира во Собранието, а македонскиот Устав не ја санкционира оваа ситуација и покрај првобитно донесениот уставен рок од шест месеци.

Тоа значи дека само Собранието на Македонија во еден квалитативно нов состав, кој длабоко сум убеден ќе биде конституиран на следните избори, релативно брзо ќе ги изврши потребните промени. Државната структура е толку јака колку што се цврсто поставени нејзи- ните правни темели. Развојот на економијата, речиси насекаде во светот, па така и во Македонија, е тесно поврзан од односот на овие две компоненти. Накратко, без правна држава, во којашто граѓаните навистина се еднакви пред законот, а судската власт совесно и независно ја врши својата улога, не гледам можности за долгорочен економски развој туку само продол- жување на сегашните состојби“.

Во врска со непочитувањето на најосновните права на граѓаните за гласање, конкретно во ИК 103 во Скопје Атанасоски потенцира:

Јас искрено се надевам дека такви епизоди како во Изборната единица 103, во којашто спо- ред сите добиени информации се случиле низа незаконитости, ќе останат зад нас, бидејќи тие водат во неверојатна политичка поларизација и подвојување на македонскиот народ и на останатите граѓани. Слично подвојување кај народот истите кругови се обидоа да направат и во работата на Светскиот македонски конгрес минатата година. Мислам веќе се сфаќа дека тука (на Запад з.н.) постојат институции коишто можат многу лесно да ги надгледуваат следните избори и да ја одредат нивната законитост, што најверојатно тие ќе го направат. Морам да подвлечам нешто што за Македонија е особено важно, а тоа е фактот дека и опозицијата и позицијата треба да направат голем напор да ги зближат нивните ставови покрај постојните разлики за коишто сум свесен дека се големи. Сè друго води во подвојување кое на Македонците најмалку им е потребно.

Во крајна линија, сите треба заеднички  да  работиме  на  градењето на македонската држава, бидејќи Македонија и сите ние ќе имаме најголема добивка од такви- от приод. Слично е и во Америка: две доминантни, а идеолошки многу спротивставени партии, Републиканската и Демократската, и по изборите здружено и на еднаква основа одлучуваат за најгорливите прашања со  коишто  Америка се судира, и затоа Америка како држава просперира. Зошто таков однос да нема и во Македонија?

Исто така, Атанасоски, во своето обраќање рече дека покрај сите тешкотии тврди дека во Македонија и тоа како е можно да се постигне економски степен на развој на којшто би завидувале многу земји. Конкретно, за да успее една долгорочна макроекономска програма мора да се има соодветна поткрепа за да ги ублажи ефектите на економскиот скок, што сега не е случај и продолжил:

„Програмата треба да биде така направена што сите граѓани релативно пропорционално би го носеле товарот на промените. Дополнителна поткрепа, што не е незначајно, е странската помош. Со оглед на тоа дека последнава не може да се очекува секогаш или е често ограничена, поткрепата би се барала од дијаспората, но со точно одредени инвестициски гаранции, даночни олеснувања итн. 

Јас познавам доволен број Македонци со финансиски солидноснова коишто се подготвени да инвестираат во Македонија само ако постојат минимум гаранции на нивните инвестиции. Но, мислам дека најпотребна алка во системот е една навистина независна Македонска централна банка за самостојно да ги одредува каматните стапки и оптекот на средства што, исто така, мислам дека во моментов не е случај. Сите овие потези се релативно лесно изводливи само ако народот има волја за промени, а дали има ќе се види на идните избори во ноември.“

Според мислењето на бизнисменот од САД, Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски за една солидна макроекономска програма, особено е важно идните политичари во Собранието да одат на широка коалиција. Таа треба да ѝ даде безрезервна поддршка и легитимитет на програмата со што и ќе се спречи секаков државен патернализам, што постои сега. Во продолжение тој рекол: „Затоа и ви напомнав дека и реформираните комунисти се дел од македонскиот политички спектар, а во едно општество во транзиција како нашето, тие луѓе, просто, не може да се негираат. И тие се потребни во изградбата на земјата.

Ова го кажувам како човек којшто емигрирал од својата татковина со целото семејство, со цел да не биде репресиран од комунизмот и чиешто семејство изгубило многу вредни материјални добра и земја низ налетите на национализацијата. Искуството ме научи дека Македонците треба да одат по патот на помирување, дури и од еко- номска гледна точка, а не по патот на реваншизам и конфронтирање.

2.6.7 

Карта на Римската Империја во Колосеумот во Рим

Во сите посткомунистички земји емигра- цијата има големо влијание на политичките состојби. Македонската емиграција повеќе од кој било фактор одигра пресудна улога Македонија да не биде збришана од картата на Европа. За македонските иселеници економски да ѝ  помогнат на Македонија и на друг начин да  се вклучат во социјалниот и културниот живот на Републиката, тие мора да имаат и соодветно влијание коешто ги диктира условите на сто панисување - што сега очигледно не е случај. Во моментов, најголем дел од иселениците, немаат доверба во системот за да го вложат својот капитал. 

Вие и самиот го спомнавте државниот грабеж од една милијарда девизни заштеди. Инаку, би потсетил дека секој што е роден Македонец, според законот има право да добие македонско државјанство, а со тоа и право на глас и одбивање на соодветна политичка опција и јас ги поттикнувам Македонците во дијаспората да го направат тоа. Иселениците можат директно да се вклучат во македонскиот политички и економски живот и преку „Македонскиот свет- ски конгрес“. 

СМК е во процес на обединување на 700 македонски  асоцијации на сите континенти, што претставува огромен македонски културен, финансиски, политички и дипломатски потенцијал. Значи СМК е тој инструмент преку кој ќе се артикулираат и координираат интересите на сите Македонци за полесно да се определи стратегијата на македонските национални и државни интереси. За жал, сега властите немаат чувство за соработка иако ние буквално најобемно и на секое поле би можеле да ѝ помогнеме на татковината.

Се надеваме дека во блиска иднина ќе се најде разбирање ваквата ситуација да се смени во интерес на македонскиот народ и државата. Ве уверувам дека Конгресот продолжува активно да работи на остварувањето на македонските национални интереси“, заклучил во своето обраќање бизнисменот од САД, Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски.

Продолжува

 1KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Пендаровски во суштина е кукавица

Мицкоски: Додека Стево се прави Мајка Тереза му стигна одговор од американската Фридом хаус која г...

Историја

News image

Трлиски инцидент

По Првата светска војна, соочени со фактот дека големите сили ја санкционираа поделбата на Македониј...

Иселеници

News image

Волф Ошлис: МАКЕДОНИЈА

ЕНЦИКЛОПЕДИСКИ ПРИЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА

Култура и туризам

News image

Археологија на македонскиот дух

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ I) (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.