Среда, 23 Декември 2020   
ОДРЖУВАЊЕ НА ПРВОТО СОБРАНИЕ НА АМЕРИКАНСКО – КАНАДСКО – МАКЕДОНСКАТА ЕПАРХИЈА (16)

5germ

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија

Така, македонската православна црква ,,Свети Климент Охридски" во изминативе години повеќепати беше домаќин на големи, масовни и на значајни собири кои што оставија силен печат, а некои од нив беа вистински пионерски зафати, кои испишаа ново значајно поглавје во животот на македонската заедница во Канада.

Така, на 4 октомври 1969 година, со учество на мнозинство делегати и гости, се формира Првото епархиско собрание. како врвно тело на оваа прекуокеанска македонска епархија. Овој значаен собир го раководеше митрополитот г. Кирил. Поздравувајќи ги присутните тој рече дека оваа одлука е извонредно значајна и голема и отвора нова страница во заедничкиот духовен живот на сите верници надвор од Македонија.

Потоа, со свои видувања за емиграцијата и за нејзиното заедничко организирање, независно што тоа се големи далечини за поврзувањето со мајката Македонска православна црква зборуваа: Џан Червенков (Торонто), прота Илија Канински, Бил Клечов (Торонто), прота Спиро Танасковски, Гери, прота Борис Поповски, Спиро Карфил (Хамилтон), Јоѕан Галовски (Рочестер), прота Бошко Кипровски, Тели Мариовче (Торонто), Наум Наумовски (Лакавана), Мајкл Талин (Торонто), Спиро Сандерс (Торонто), Јован Илиевски (Рочестер), Ѓорѓи Ангелевски (Торонто), Трајан Миленковиќ (Колуибос) и др.

По многу интересните предлози, дадените сугестии и по мошне богатата дискусија, Епархиското собрание избра Управен одбор, Епархиски црковно - судски совет, а заврши со благодарствен молебен, при што делегатите положија заклетва пред светите мошти на Свети Климент Охридски.

Животот течеше натаму. Во македонската црква постојано доаѓаа луѓе за да ги следат литургиите, доаѓаа за свадби, за венчавки, за крштевки, за парастоси. Се прославуваа нови години, националните македонски празници, а им се оддаваше почит на великаните   од   македонската   историја.   Воедно,   народот беше заедно на божикните и на велигденските денови, како и на разните други православни празници.

6germМитрополитот г. Кирил – архиејер на Епархијата

Македонската црковна општина се повеќе стануваше најдрагото катче за Македонеците од Торонто и пошироко, кои доаѓаа заедно да се дружат, да си дадат оддишка на своето срце, да се сретнат со гости од татковината или да се помолат на Бога за здравје и живот.

Нема приредба, пикник, прослава, а во неа да не врие од мажи, жени и деца Таа е вистина која ги радуваше сите. А што е многу важно, за дел од најинтересните и најважните манифестации и настани, пишуваат постојано и тукашните медиуми - весниците, радиото и телевизијата. Посебно кога има значајни и знаменити поводи и пригоди, кога црквата ја посетуваат највисоките чинодостоинственици на Македонската православна црква.

Во текот на 1972 година беше покрената и акцијата за собирање доброволна помош за изградба на Соборниот архиепископски храм во Скопје, што наиде на широк одѕив и на поддршка за дарување прилози Сакаа сите заедно во татковина да се подигне еден соборен храм со кој ќе се гордеат и на кој ќе му се восхитуваат.

Bo 1972 година е одбележана десетгодишнината.

Помина деценија откако на големиот ден Илинден, на состанокот одржан во хотелот "Кинг Едвард" беше донесена одлуката за изградба на првата македонска православна црква во Канада, храмот "Св. Климент Охридски". На кусиот, но голем јубилеј, на десетите години постоење и растеж, гостин беше Неговото високопре-освештенство митрополитот Злетовско-струмички г. Наум, во придружба на протаставрофорот Трајан Митревски. Митрополитот Наум во својата здравица, меѓу другото, рече: "Историјата ќе го забележи овој неповторливо величествен настан, а ние и нашите деца, ќе чекаме да ја прославиме 20-та, 50-годишнината и така редум во недоглед, во вечноста"... 

7germЧленови на црквата со гости од Македонија

Така и бива. Во недоглед. Толку многу се сите тие средби, славја, прослави и гости, што се одржуваа. Масовно се одбележувани и се посетувани сите значајни денови и празници што ги организира Црквата.

Решенијата од седниците на македонските православни општини од Северна Америка, одржани во 1974 и 1975 година во Колумбос, Охајо и во Детроит Мичиген, се реализираа на 30 и 31, август и 1 септември 1975 година во Торонто, кога домаќин покровител на првиот Црковно народниот собир беше "Св. Климент Охридски". Нејзиниот претседател, заедно со неуморната работа на членовите на управата и соработници, сторија се да ги направи сите подготовки на време, па многуте гости беа пречекани како што доликува и како што се пречекуваат најсвоите. 

Програмата беше богата и разновидна, а меѓу решенијата што заслужуваат внимание е поставувањето темели на новата, сега само Американско-канадско-македонска православна епархија, и беше извршен   изборот   на нејзините   тела   и органи. Во епархи-скиот Управен одбор   влегоа:   Крис Димов,  Марк  Браун,  Јован  Манговски, прота Михаил Теохарев   и   прота Борис Поповски.

Инаку една од одлуките на Свети-от архиерејски си-нод на Црковно-народниот собор, што се одржа во Охрид на 17 јули 1967 година, кога беше прогласена автокефалноста на Македонската православна црква во лицето на Охридската архиепископија беше да се формира Американско-канадско-австралиска епархија.

Оваа значајна црковна институција, која. меѓу другото. има за цел да ги продлабочува врските и да ја јакне љубовта меѓу македонските иселеници во прекуокеанските земји со татковината и со црквата, како и да биде место за подоброто запознавање и зближување на Македонија со земјите во кои што тие живеат, во почетокот беше заедничка со САД, со Канада и со Австралија.

Американско-канадската македонска црковна епархија беше официјално регистрирана пред американските власти на државата Њујорк по дванаесет години од нејзиното формирање. Тој чин претставува историски момент за македонските иселеници и еден од најзначајните настани во животот и во дејноста на МПЦ на западната хемисфера.

Всушност, регистрирањето на Епархијата значи уште едно признавање и озаконување на ова високо управно тело на МПЦО во САД и во Канада, што, од друга страна, има силен одраз во натамошната афирмациЈа на македонското име и на духовните вредности на македонските доселеници, во новите средини, Co законското регистрирање, Епархијата доби рамноправен третман со другите епархии што дејствуваат на американските простори.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Карилина Ристеска : ШТО ВИ Е НЕЈАСНО?

Ако го разгледате делото на Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Јане Сандански, Александров, Че...

Историја

News image

Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сит

„...Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар...

Иселеници

News image

СВЕТОЗАР (СВЕТЛЕ) – СТИВ СТАМЕВСКИ - МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (8)

СЛОГА ВО СЕМЕЈСТВОТО – КАРАКТЕРИСТИКА ЗА СТАМЕВЦИ  ...

Култура и туризам

News image

Куќа на Робевци во Охрид

Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (62)

ЗАКЛУЧОК КОН ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА И ИДНИНА 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.