Среда, 03 Март 2021   
ЖЕНСКИТЕ СЕКЦИИ – ЗНАЧАЈНИ ПРОДОЛЖУВАЧИ НА МАКЕДОНСКОТО ЦРКОВНО И НАЦИОНАЛНО ЖИВЕЕЊЕ – ДЕЛ IV (26)

1319

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада. Затоа, кora ce зборува или се пишува за овој македонски храм, секогаш се мисли на активностите, задолженијата, обврските, честа и гордоста што им припаѓа на Женската секција 

Затоа, и овој пат ќе продолжиме со опис на претседателки на  за Женската секција во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, кои имаат посебно место во книгата „Македонски вознес“.

 РАДА ДИМОВСКА

Рада Димовска е родена во с. Крклино-Битолско, Македонија, на 1 јануари 1951 година. од татко Алексо Дамчевски и од мајка Славка Џумковска од с. Логоварди. Живее во Битола до завршувањето на гимназијата и во 1970 година, на 19-годишна возраст, доаѓа во Торонто каде го продолжува нејзиниот живот надвор од татковината со сопругот Тони Димовски, исто така роден битолчанец.

Ќерката Синди и синот Крис, сега студенти, се поранешни членови на македонската играорна група "Маке-донка" при црквата "Св. Климент Охридски". Крис беше најмладиот член на популарниот оркестар "Бисер" од Торонто. Таа била активна членка на женската секција многу години, била потпретседател, секретар, а во 1986 година и претседател на секцијата.

Заедно со избраната управа, многубројното членство и со потпретседателот Дана Глобочка, секретарот Вера Јанкуловска, благајникот Блага Кадамова и заменикот Вера Спасевска, работеја чесно за интересот на црквата и за здравјето на своите семејства

За мандатот на Рада како претседател, беше организирана богата македонска трпеза и модна ревија во салата на црквата, при што Женската секција се престави во најубава светлина пред нациите од светот што живеат во Торонто, покажувајќи го и ширејќи го македонството, народните традиции и обичаи.

Рада Димовска  работеше  во  Заводот  за  здравствено осигурување на Торонто, каде беше истакната како вреден работник.

ФАНА ПЛЕТЕРСКА

Bo генерациите вредни Македонки спаѓа и Фана Танасовска - Плетерска. Таа е родена во славното и револуционерно Смилево, но својата младост ja минува во убавата Битола, каде што и ја завршува Учителската школа. Четири години предава во осмолетката во с. Црнеец, a no преселбата во Канада, во 1967 година, набргу станува учителка по македонски јазик во македонското училиште во црквата "Св   Климент Охридски".

За сето време е активна во македонската етничка заедница во Торонто. Таа е член на Драмската секција, каде што одигра неколку извонредни улоги, член е на Црковниот хор, чиј глас е глас на вмден талент, зашто песната е нејзиниот живот, а значаен активист е во Женската секција.

Во 1989 година Фана Плетерска е избрана за претседател на Женската секција. Тоа е период кој е еден од најубавите спомени што таа ги имала во македонската заедница, а нејзината активност продолжила. Фана е задоволна што младите ги негуваат македонските обичаи и традиции, a ce радува што нејзиниот син Драган беше еден од ороводачите на играорната група "Македонка".

Инаку, семејствата Танасовски-Плетерски се меѓу оние кои со срце и душа и припаѓаат на големата македонска заедница во Торонто. Меѓутоа, амбициозната Фана и како патриот и како активист останува трајно врзана со својата родна македонска земја, чии спомени за неа ги носи длабоко во својата душа. Замина за Канада, но вечно во неа тлее силната љубов роднокрајна и затоа е среќна што работотела за македонското дело во Торонто.

ЛЕНА ТАСКАС (ТАЛЕВСКА)

Лена Таскас е родена во 1948 година и уште од раните младешки дни, во времето кога родителите, битолчаните Спиро и Трајанка Талевски, почнале упорно да работат и тоа меѓу првите, за да се изгради првата македонска православиа црква "Свети Климент Охридски", тогаш, малата Лена одела од куќа на куќа со кутиичка за да собира доброволни прилози.

Кој колку ќе можеше и сакаше ставаше долар, а веселата Лена беше среќна што ете и таа како и сестрите Мара и Мила го дава својот придонес во изградбата на Македонска православиа црква "Свети Климент Охридски".

Лена Таскас активно учествуваше во Црковниот хор, помагаше во работата на бингото, базарите, Карванот на нациите како и при организирањето на екскурзиите од страна на црквата. Co оглед на се повидливата активност, во 1990 година Лена Таскас, едногласно беше избрана за претседател на Женската секција.

Тогаш за потлретседател беше избрана Рада Видановска, за секретар Марија Росова, за благајник Ана Мојсоска и за помошник благајникот Роса Стергиу. Под водство на Лена, женската секција иницираше бројни активности што беа од корист за целокупниот живот во македонската заедница во Торонто.

ДОНКА ТРИФУНОВСКА

Носталгијата за родното Арвати - Преспанско и за конзулскиот град Битола, Донка Трифуновска ги почувствувала уште со доаѓањето во Торонто во 1970 година. Тогаш црквата "Св. Климент Охридски" не ѝ беше само духовен храм, туку и културно-просветен центар, неодминливо место на видување и среќавање, беше нејзиниот втор дом.

Co сопругот Ристо се членови на црковната општи-на, но сепак, логично е што најголемата активност Донка ја спроведува во Женската секција на македонскиот свет храм.

Несебично се вклучува во организирањето на повеќе црковни и културни манифестации, како и низа доброволни акции, како што се Нова година по старо, (Василица), Денот на љубовта, Македонскиот карван на нациите, Велигден и Божик, и низ сите тие се истакнува името и богатството на македонската нација пред другите канадски нации.

Избирана е Донка за благајник и за помошник благајник, потоа во Контролната комисија, а во 1991 година таа станува претседател на Женската секција, кога сите напори беа насочени кон собирањето пари за изработка на нов иконостас, кој веќе е поставен и со него блесна црквата со сета своја убавина.

"Чест ми е и ми претставува гордост што сум член на Женската секција една од најактивните женски асоцијации во новиотт крај", рече Донка Трифуновска. Co нејзината активност и беспрегорност Женската секција постигна завидни и бележити резултати што се ценети од Македонците во Торонто.

ВЕРА ЈАНКУЛОВСКА

Една од активните жени во црквата е, секако Вера Јанкуловска која беше секретар на Извршниот одбор на управата, но имала и значајни задолженија и обврски.

Таа е родена во Скопје, а потекнува од Беломорска Македонија. Татко ѝ Јане Казиев е од селото Трсје, Леринско, а мајка и Христа Казиева, родена Богданова е од селото Бапчор, Костурско. Вера е сопруга на Гоче Јанкуловски од селото Ошчима, Леринско, со кого има две деца, Стојче и Кристина,

Своето образование го почнува  во главниот град на Република Македонија, Скопје, а во Канада пристигнува во јуни 1968 година, каде стекнува факултетско образование на Универзитетот во Торонто. Била член на играорната група "Македонка" од 1970 до 1977 година, а лотоа станува активен член на женските секции на црквата "Св. Климент Охридски" и на "Обединети Македонци" потоа на Ќерките на Македонија" во Канадско- македонскиот центар, a била активен член и во Македонскиот комитет во Торонто.

Како резултат иа нејзината активност, во 1992 година е избрана за претседател на Женската секција, должност што со успех ја изврши.

Исто така, во 1991 година беше избрана за претседавач (червумен) на Фестивалот за мултикултура што се одржа во Торонто. Таа е поборник на македонската вистина; ја шири македонската култура, традициите, културното, фолклорното и националното минато и е горда што е Македонка.

ЛИЛЈАНА ПЕТРЕВСКА

Лилјана Петревска е родена во 1955 година во Битола, од мајка Блага и татко Ристо Торковски. Сопруга е на Крсте Петревски од Брајчино и имаат два сина - Роберт и Јонче. Мила последните години е доста активирана во нејзината работа, но сепак, наоѓа доволно време да биде заедно со пријателките и соактивистките од женската секција.

Уште со доаѓањето во Торонто, во 1969 година, таа е редовен посетител на црквата "Св. Климент Охридски". На околу 25 годишна возраст станува член на Женската секција во која работи од срце за свое здравје и за здравје на своето семејство.

Беше предложена и избрана за претседателка во март 1993 година и на таа функција остана една година. Во нејзиниот мандат потпретседател е Слободанка Христова, секретар Дана Глобочка, благајник Љуба Стерјовска, а заменик благајник Тодорка Поповска.

Сите тие, заедно со уште 49 членови на одборот беа многу активни: многу успешно ги прославува сите црковни празници и придонесоа Женската секција да стане значаен фактор во целокупното живеење. Така во мај, секоја година, Женската секција организира заеднички екскурзии, за кои владее големо интересирање. Едно од патувањата беше организирано во САД, од каде екскурзијантите понесоа незаборавни впечатоци.

РОУЗ (РОЗА) СТЕРГИУ

Роуз  Стергиу   е  последната  претседателка  на  Женската секција што е избрана до  1994 година. Таа е родена во  1945 година во големото македонско село Арменоро, што се наоѓа во непосредна близина на Лерин. Потекнува од македонско семејство, од мајка Јана и татко Ристо Богојовски.  Таа е сопруга на познатиот иселеник Паул Стергиу, со кого има четири синови: Џон, Џорџ, Крис и Александар.

Во 1958 година во реката бегалци од Беломорска Македонија, Роуз доаѓа во Канада каде го продолжува своето образование и станува книговодител, работа што ја извршуваше долги години, вршејќи книговодствени работи за бројни ресторани и други бизниси во Торонто и во околината.

Роуз е одрасната во религиозно семејство. Како резултат на тоа, од почетокот на формирањето на Македонската православна црква "Св. Климент Охридски" се вклучува волонтерски и постојано придонесува за доброто на општината.

Од почетокот на 1963 година се зачленува во црквата "Св. Климент Охридски" и во организацијата "Обединети Македонци", а подоцна и во нивните женски организации. Во периодот од 1989 до 1993 година беше избрана за член на Извршниот одбор, потоа за потпретседател и за благајник на женската секција.

На 13 март 1994 година, на 35-годишниот јубилеен избор на Женската секција е Избрана за претседател. Заедно со Роуз во Извршниот одбор се избрани и Фана Плетерска за потпретседател, Вера Белчевска за секретар, Зора Кочоровска за благајник и Олга Марковска за помошник на благајникот.

Роуз (Роза) Стергиу е благородна Македонка која со душа и срце се вклучила во голем број активности што се преземени во македонската заедница во метрополата Торонто.

Продолжува

1slave 2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Високи функционери од власта се директно инволвирани во "Мафија"

Високи функционери од власта се директно инволвирани во "Мафија", Пекер 3 месеци бил тука и се сре...

Историја

News image

Картичка од германски воен логор испратена од Македонец и адресирана до Круево - МАКЕДОНИЈА, иако во 1942 Македонија бил

Картичка од германски воен логор испратена од Македонец и адресирана до Крушево - МАКЕДОНИЈА, иако...

Иселеници

News image

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА СВЕТЛЕ – СТИВ СТАМЕВСКИ

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИЧКИОТ ПЕРИОД (6)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.