Среда, 07 Април 2021   
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (13)

1mit

ПЕЧАЛБАРСКАТА САГА НА СТАМЕВСКИ ОД ОДРИ ДО ДЕТРОИТ - ДЕЛ II

Во ова продолжение ќе  претставам дел од приказната за Светле (Стив) Стамевски во Соединетите Американски Држави и Македонија, со посебна нагласка на патувањето до Белград и процедурата околу добивањето на американска виза за неговата невестата Светлана, брза свадба и патување за Детроит

Во продолжение на разговорот Светле (Стив) Стамевски ме информира:„Следниот чекор околу средувањето на формалностите, беше патувањето до Белград и процедурата околу добивањето на американска виза за невестата. Стасавме со возот во тогашниот главен град на бившата федерација, но кога дојдовме пред Американската  амбасадата, имаше што да видиме, народ плева. Толку многу беше гужва, што човек да изгуби надеж дека може да дојде на ред. He доаѓа во предвид да чекам, си реков. Та нели ние Македонците сме снаодливи во сите прилики?

Јас онака дотеран и бидејќи според пасошот  за нив бев странец, сосема ноншалантно и одважно, пред очите на редарите и полицајците, си влегувам внатре во амбасадата, небаре сум нивни службеник или важен дојденец.

Јас влегувам, тие ме меркаат, никој не се осудува ништо да ме праша, ниту пак ги слушам кој што вели и како вели, одам право на шалтерот. Во тој момент слушам како некој вика - Мишо, Мишо! А си велам, значи тој е Мишо кој треба да ми ја отвори вратата. Тогаш и јас викнав - Мишо отвори, ама на англиски. Еден човек вистина ми отвори врата, ме гледа, не знае кој сум. Само му реков дека одам горе и толку. Продолжив. Си велам ако чекам, никогаш нема да влезам. Вака ако треба нека се правам и на удрен, само да се заврши работава.

На катот стоеја дури четворица полицајци. Ај! Им велам на англиски, тие исто ме отпоздравија, прашувајќи ме од каде сум. Од Мичиген, реков. Тогаш, ќе одиш во таа и таа соба кај конзулот, ме упатија тие. Почукав двапати на вратата. Госпоѓата кога ме виде, се чуди, кој сум, пак, сега јас

Сакам да се женам, им реков, веднаш, а имам проблеми со документите, за жена ми. Прво ми честитаа сите што беа во собата, а потоа, рекоа, дека нема никаков проблем. Го пратија полицаецот за да ја донесе таму долу од редот, мојата невеста која чекаше заедно со толку народ. Веднаш го отворија досието и гледаат дека јас дури тринаесет луѓе сум донел во Америка. Откако ја прелистаа сета документација и гаранцијата што ја имав за Светлана, тогаш неа ја прашаа - дали ме сака. Таа веднаш како од пушка одговори со -да.

Интересно беше што и цвеќе донесоа. Се венчавме, тука во Американската амбасада во Белград. Се пошегуваа тогаш велејќи ни дека уште една Американка сега имаат плус. Ги ставија сите печати, ми ја дадоа визата в рака и ме советуваа дека морам да извадам лекарско уверение, бидејќи без тоа, таа по ова не може да влезе во САД. 

1mit1Белград 

Оттаму отидовме право во болницата за да земеме лекарско уверение. Но, и пред болницата народ како плева. Нема шанса да се стаса на ред со денови. Мојата итроштина морав некако пак да ја употребам. Гледам како медицински сестри влегуваа од задната врата и јас тргнав по нив. Ја отвори една сестра вратата и ме прашува што барамјас тука. И, велам, не само кого барам, туку и мене кој ме бара оти се изгубив.

А, што ви треба, ми се обрати жената. И кажав во две реченици се, кога една што стоеше потаму рече дека, баш таа ќе ни заврши работа. Јас објаснувам како во Белград се’ што требаше од страна на документи ми е готово, а дека остана само лекарското уверение. Немам во овој град никакви роднини, ниту пак некого познавам, а немам ни време, бидејќи се брзам за да стасам на време во Америка.

Љубезните медицински лица уште и со кафе ме понудија, ја повикаа сопругата, тазе невеста, ги направија сите прегледи и ни кажаа дека резултатите ќе се готови утреизутрина. Им велам, дека не можам да чекам толку ни случајно, а ако треба се’ ќе платам само веднаш уште денес да се заврши работата. Тоа не успеа, бидејќи морало да се чека до изутрина. Кога сабајлето отидовме, нема абер од резултатите. Се подналутив, па белким нема да загубам и цела недела чекајќи низ Белград само на еден резултат.

1mit2Од свадбата во Детроит 

Ми пријде една љубезна госпоѓа, ме прашува што е проблемот. И кажав. Потоа се интересираше како е во Америка, јас и дадов некој долар да се почести иако не сакаше. Дојде со мене низ цела болница, ги зеде резултатите, ми ги даде и јас заблагодарувајќи и се, заминав.

Следната дестинација беше патничката агенција за да земам карта за Светлана за Америка. Кога дојдов на ред, службеничката почна да вреска. Нема карти, ми рече некултурно и си се сврте. Јас сосема бев со врзани раце, бидејќи бев со невестата, па морав да бидам стрплив, инаку лом ке направев. Ајде некако, со добро, со нешто рушвет, и во два дена ете, и тоа се заврши.

Излеговме надвор да фаќаме воз за Тетово, a мојата избраничка прашува, што правиме со свадба. Едино чаре беше да се фатиме за телефон. Ѕвониме кај нејзините, ѕвониме и кај моите во Одри и бараме во неделата веднаш свадба да правиме, бидејќи во понеделникот за Америка тргнуваме. Така и се случи. Набрзина беше, ама убава свадба беше. Co зет, невеста, девери, сватови, музики, и со сите адети ја направивме. Следниот ден ние веќе заминавме кон Детроит.

На интернационалниот дел од аеродромот во Детроит, беа дојдени мајка ми со зетот и некои други роднини и пријатели. He’ пречекаа ни се израдуваа. Татко ми им рекол - ајде бре, тој неоти ќе дојде со невеста. Ќе го видите сега со некои деца таму на аеродромот. Кога дојдовме дома, гледа и се чуди, кој дошол за нецели две недели со виза и сите завршени формалности. Но, кога седнавме и ги израскажавме сите работи, се беше јасно, иако изгледаше како на филм. Господова работа..." Ја заврши прикаската Светозар-Светле Стамевски.

Продолжува

1slav1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СДСМ е истото старо транзиционо лице

Лукаревска која ги штити фирмите на Заеви, Николовски кој наместо криминал брка путер и Филипче ...

Историја

News image

Македонското знаме во традиционалната црвено жолта боја

  Традиционалната црвено-жолта боја постојано се сретнува во македонските симболи. По завршу...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ОБРАЗОВНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ КАДРИ ОД ЉУБОЈНО - ДЕЛ I (7)

За Љубојно се карактеристични едукативните процеси. Тоа ...

Култура и туризам

News image

На Каменот од Розета карактеристики на битолскиот говор

И античките Македонци, како битолчани денес, не ги членувале именките со гласот „т“ на крајот. Ова г...

Фељтон

News image

ШТО ПИШУВААТ ИСТОРИЧАРИТЕ НА ДЕЛА ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? (10)

Главната цел на делото (книгата “Венети, Првите градители на Европската заедница”)...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.