Среда, 12 Мај 2021   
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (18)

1busЛИЧНО ПРИЈАТЕЛСВО СО ЏОРЏ БУШ - ЈУНИОР

Во ова продолжение ќе  го претставам пријателството на Светле (Стив) Стамевски со семејството Буш и неговата поддршка на Република Македонија, бидејки Македонците во светот имаат една партија, тоа е Македонија. Таа идеја водилка е алфа-омега за сите минати, сегашни и идни нивни заложби и конкретни дејствувања. Македонија е земјата во која македонскиот народ опстојал на сите видови притисоци и долги вековни обезличувања, успевајќи да биде зачуван, благодарение на својата истрајност

Светле (Стив) Стамевски решава да се вклучи во политиката. Смета, а тоа се покажа како исправен потег, дека многу може да помогне за Република Македонија, доколку стане дел од Републиканската партија на Америка. Тој е многу активно вклучен во двете успешни изборни кампањи на претседателот Џорџ Буш и е задоволен поради тоа.

Тој станува и личен пријател со семејството на Лора и Џорџ Буш. Многу пати ги посетил на нивниот приватен имот во Тексас, каде минале незаборавни денови во долгите разговори за најразлични теми, за какви се не прашања. Еве што вели познатиот американски бизнисмен Светле (Стив) Стамевски за средбите со семејството Буш:

 „Толку пати сум зборувал пред него за долгата македонска историја, за древната  цивилизација  на  овие  македонски простори која и натаму постојано се ископува и потврдува низ богатите археолошки наоѓалишта, за културните вредности, за демократијата, за жилавиот опстој на мојот македонски народ и покрај сите сцили и харибди низ кои минал и заминал тој. Сме минале мигови кои се памтат секогаш.

Првата американска лејди Лора Буш е исклучителна личност. Посветена мајка, сопруга, посветена хуманистка, и пред се’ многу драг човек, вистинска дама, секогаш позитивна и пријателски расположена кон пријателите.

1bus2Џорџ и Светле со сопругите Лора и Светлана 

Контактите, средбите, линковите, и воопшто, комуникациите со семејството на американскиот претседател, се одржуваат во континуитет како дел од многу драгата и незаборавна и архива и пасива, минато, сегашност и иднина", на што е горд, Светозар-Светле, како и неговата драга Светлана.

Стамевски потрошиле доста време, умеење, знаење, снаодливост, и секако многу пари за претседателската кампања на Џорџ Буш. Македонците во државата Охајо гласаа за него и тоа беше решавачко и за конечниот исход на изборниот резултат. Буш одржа еден од своите предизборни митинзи на најголемиот спортски стадион во оваа американска сојузна држава, и тоа беше во главна организациско - финансиска „режија" на Сгамевски.

Македонското лоби во САД тогаш беше, а и продолжува да биде насочено кон афирмација на виталните прашања за Македонија, како што беше признавањето на уставното име, и поддршката на „големиот брат" за забрзување на нашите евроинтеграции. Македонците во светот имаат една партија, тоа е Македонија. Таа идеја водилка е алфа-омега за сите минати, сегашни и идни наши заложби и конкретни дејствувања.

 Знаете дека Македонецот и на камен може да создаде живот, а и неможното да го престори во можно“, вели Светле (Стив) Стамевски. Бев сигурен дека ќе биде ефектуиран сиот труд за мојот пријател Џорџ Јуниор и, така излезе на крајот, на задоволство и очекување од сите нас.

Претседателот Буш е прекрасен човек. Тој е чесен, богат некорумпиран. Да се пофалам, ама имаме слична филозофија во животот и двајцата ги сакаме лугето без разлика какво име и презиме носат. Важно е кои се, какви се.

Џорџ е многу побожен човек. Затоа и еднаш, од поодамна му сугерирав дека ако не знае повеќе нешто  за Македонија, тогаш нека ја отвори Библијата и таму ќе ја најде мојата родна земја. Исто така му реков дека на македонскиот народ му треба демократија, мир, но и целовитост. Буш ми вети дека Република Македонија ќе остане целосна.

Кога сме  кај анегдотите,  да  кажам  дека во една прилика при средбата на претседателот и бројните конгресмени од Американскиот сенат, па кога ме виде дека сум добро облечен, претседателот Џорџ ми даде комплимент како убаво изгледам. My возвратив дека Македонците се обично многу симпатични момчиња, после што и убаво се изнасмеавме заедно", додава Светле (Стив) Стамевски

1bus3Џорџ Буш, стариот и Светле (Стив) Стамевски

Светозар-Светле Стамевски е еден од основачите на Американско-македонската асоцијација од Детроит, чија цел меѓу другото беше и останува така, да и помага на Република Македонија. „Десетици илјадници наши браќа не само од северно-американскиот континент, туку може да се каже од сите страни на светот, покажаа интересирање и ја поддржуваа платформата, ги поддржаа активностите кои ги презеде Асоцијацијата.

На митингот, на пример, во Бафало, кога дојдоа голем број членови, поддржувачи, симпатизери, cu­re тие беа единствени во ставот дека на Татковината и треба поддршка од овој вид, нагласува Сгамевски. Оваа организација продолжува да оди по трасираниот пат, некогаш со посилен, некогаш со посмирен интензитет, но таа е добро што постои, што ги обединува идеите и акциите, и веруваме дека допрва ќе има уште многу поводи, прашања и иницијативи за нови пројави и кревање на гласот македонски", ми рече на крајот од разговорот  бизнисменот Светле (Стив) Стамевски.

Продолжува

1slav1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Македонија – Голи Оток за Македонците

Тешко се движи проколнатиот “Пунат” кон крајната дестинација Голи Оток. Тажното брчење на ...

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е...

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.