Среда, 02 Јуни 2021   
ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (1)

1po123

СОЊА ЛОЗАНОВСКА – ПОЕТЕСА, ПУБЛИЦИСТ, ЕСТРАДЕН УМЕТНИК И ГЛАВЕН УРЕДНИК НА ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНИЈА“

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА 

Соња Лозановска е позната во македонската културна и поширока јавност, а со својот весник „Македонија“ има посебно место во информативната дејност на Македонците на Северно-американскиот континент.  Таа придонесува весникот да биде еден од прозорците кон светот и сакан гостин во домовите на Маке­дон­ци­те во Канада и во Соединетите Американски Држави. Исто така, Соња како естраден уметник, позната дама и активист во заедницата  има значајно место во целокупното живеење на Македонците во метрополата Торонто 

Соња Лозановска е родена на 1 мај 1974 година во Демирхисарски Жван, а корените и’ се од живописното Вирово. Често се вели дека Жван е село на познати личности и иселеници. Од демирхисарскиот крај потекнуваат бројни писатели, уметници и научници. Не може никој да ја одгатне тајната, зошто толку писатели се родиле покрај Црна Река, во заветрината на Илинска Планина. Исто така, може да се каже дека во демирхисарските триесет и девет села, се зборува на најчист македонски јазик

Уште кога Соња била на  многу мала возраст нејзиното семејство се доселува во Битола каде што го стекнува основното и средното гимназиско образование посетувајќи ги Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и центарот за Средно насочено образование „Таки Даскало“, а подоцна и „Факултетот за учители“ (денешен „Педагошки факултет“) во Битола. Во Канада, пак, го заврши „Евергрин колеџот“, насока „Социјална служба во општеството“ (Evergreen College - Community Social Service).

Соња Лозановска постојано зборува и се гордее со својата Битола, центарот на Евреите во Македонија и најголем градски центар во Пелагониската Котлина. Битола за Соња е град на младоста на љубовта, на иднината каде постигна дел од нејзините животни, новинарски, музички, поетски, телевизиски и творечки врвови.

Така, љубовта кон пишувањето и музиката се раѓа уште од најмала возраст, расте покрај песнопојните родители Борис и Драгица уште како девојче за душа на баба си Крстана која во нејзиниот крај била позната по својот раскошен глас ги пее убавите македонски изворни песни. Но, вистинскиот интерес за посериозни чекори на музичкото поле ќе дојдат многу подоцна во нејзините млади години.

1po1234Соња Лозановска во студиото на ТВ „Тера“

Уште на 16 годишна возраст учествува на литературен конкурс на Културно просветната заедница во Битола каде што се здобива со висока награда за поетската творба „Македонија пред се“. Тоа ќе биде поттик за неа да продолжи во светот на пишувањето и да стане член на Друштвото на писателите  „Стале Попов“ од Битола. Дарбата за течен говор со особена дикција ќе и’ овозможи да биде водителка на многубројни културни манифестации во градот под Пелистер.

Нејзиниот први новинарски текст беше посветен на годишнината на Организацијата на Обединетитте Нации и истиот е објавен во списанието „Студент“ кое излегуваше  како гласило на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола.

За време на академските години учествува на бројни манифестации за пеачи аматери, а една од најдрагите и’ е настапот и првата награда на годишната манифестација „Златен глас на Битола“ во 1993 година, манифестација која се одржуваше во организација на КПЗ (Културно-просветната заедница). Како вљубеничка на убавата македонска изворна песна ќе пропатува низ многу европски држави членувајќи во АКУД „Даме Груев“, а на покана и со останати еминентни КУД од Битола.

Уште за време на студиските години започнува со својот ангажман  во првото радио надвор од македонската национална радио мрежа, Радио „Ас“, подоцна преименувано во „Битпрес“ а во рамките на Битолски Весник. Таму се нејзините посериозни почетни новинарски години, каде што го пече занаетот со доајените на битолското новинарство како: Панде Манојлов, Доне Пановски, Менде Младеновски и други  а подоцна работи и како водител и новинар во радио програмите на  „Два М“ и „Радио 105“ во Битола.

Круната на новинарската дејност во Битола ја достигнува во Телевизијата „Тера“, каде што започнува да ја уредува рубриката „Град“ за подоцна да стане и заштитно лице на главните телевизиски вести „Актуел“. Освен новинарско-водителскиот ангажман во Телевизијата „Тера“ ја води и нејзината едночасовна неделна емисија „Другото јас“ која прикажува познати личности од градот и државата со необично хоби.

1po1235 1po1236

Во 1996-та година Соња Лозановска ги прави првите чекори во публицистиката. Тогаш и’ излегува од печат нејзината прва збирка поезија  „Резба во душата“. Таа е издание на 

Клубот на писателите „Стале Попов“ од Битола, чиј издавач  е Илија Мерковски, а резензенти се Михаил Ренџов и Доне Пановски.

Ова прво нејзино издание содржи 33 творби со родољубиво-љубовна тематика, за кои рецензентот Михаил Ренџов ќе напише: „Првата ракатка песни од Соња Лознаовска е градена врз две опседнатости: Присетот на богатото и чувствено детство и секојдневните младешки треперења што времето ги донесува.Таа создава убави стихови за оживување на песната. Поетесата со ѕвездата вечерница во појасот вдената е Извор, огледало на срните.кај Соња Лозановска осамата била најтешка измама, а ѕвездите-мартинка во рибја лушпа, азбука недовршена. Таа сака во сонот да влезе како тивко ветре. Допирот и е нагласен говор.“

Рецензентот Доне Пановски, пак, во рецензијата, меѓу другото ќе напише: „Првиот поетски ракопис на младата поетеса Соња Лозановска содржи стихови низ кои провејува исповеден тон. Речиси во секоја песна таа се обраќа некому, бара свој соговорник за да им даде на своите изливи поетска форма која ја легитимира како талентиран творец. Содржински поетскиот првенец на Лозановска е хетероген, но она што ги сврзува сите песни е младешкиот копнеж под убавините што ги нуди животот, а кои најчесто се достижни само преку творечката болка.“

Втората стихозбирка „Калуѓерка во Бело“ во издание на „Апекс“ од Битола излегува од печат во март 2000 година. Рецензенти се Радован  П. Цветковски и Илија Мерковски. Во својата рецензија Радован П. Цветковски, меѓу другото ќе напише:: „Во песните воочуваме дека просторно и чувствено се ‘ се движи, галопира младешки, а уште побитно е дека просторот во песните никогаш не е празен, постои некаква присутност што и’ дава на песната посебна убавина и во формата и во содржината. Песните бликаат со длабока емотивна и интимна доживеаност преполни со љубовна мотивика. Особено паѓаат в очи песните:„Одново ли поривот се буди“, „Пустина“, „Свето право“, „Благослов на благоста“, „Изгорени од сонцето“ и други

Соња Лозановска во 1999-та година станува член на групата „Балкански Бисери“ со кои настапува на фестивалот „Валандово“ како и на фестивалот „Серенада на Широк Сокак“ во Битола. Во продукција на „Сенатор“ од Битола во 2000 година излегува првото ЦД со народни песни на групата која таа година се преименува во „Амајлија“.

1po1237Соња и Оливер Бенд

За свои најголеми успеси таа ги смета честите гостувања на покана на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, кадешто на популарните панаѓури и прослави на празници ги исполнува убавите македонски песни, а исто така го издвојува и гостувањето помеѓу Македонците во Мелбурн,  Австралија за дочекот на 2003-та година.

Есента 2004-та година добива покана за настап на прославата на 35 годишнината на македонското радио „Глас на Македонија“ од Торонто, Канада, каде што ќе отпатува заедно со својот колега и хармоникаш во групата „Амајлија“, Оливер Петковски.  По настапот на оваа спектакуларна прослава каде што учествува 10 члена екипа на уметници од Македонија, во Канада ќе следуваат бројни покани на друштва и организации за натамошни ангажмани.

Треба да се одбележи дека 2005-та година е пресудна пресвртница во животот на Лозановска кога таа носи тешка одлука да го остави својот живот и кариера во Македонија и отпочне нов живот во Канада.Тука со Оливер го основаат својот брачно гнездо, кое ќе биде крунисано подоцна со доаѓањето на свет на ќеркичката Александра.

Сите години на Соња Лозановска заедно со нејзиниот сопруг Оливер Петковски и’ се исполнети со музички настапи на манифестаци, приватни свчености, црковни фестивали и народни собири на Македонците во Канада и САД. Бројни се и настапите на Соња и Оливер Бенд со македонски музички ѕвезди кои во изминатите години гостуваат на покана на македонската заедница во Канада.

Сите желби и активнсоти на Соња Лозановска се тесно поврзани со функционирањето на македонската заедница, таму ја пронаоѓа својата инспирација за работа, размена на позитивни мисли и енергии кои ги зближуваат и сплотуваат Македонците на канадските простори со неизмерна љубов кон татковината Македонија.

1po1238  1po1239

Признание за весникот „Македонија“ од претседателот Ѓорѓе Иванов 

Уште со доаѓањето во Канада започнува да пишува за весникот „Македонија“ чијшто уредник во тоа време е Танас Јовановски. Цели 9 години е водител на Македонската ТВ. програма  „Час на Македонски корени“ која се емитува на државната телевизија ОМНИ.

Во 2013 година влегува во нова работна улога и предизвик станувајќи уредник на весникот „Македонија“ на предлог на основачот Танас Јовановски кој го препушта уредувањето на Лозановска, но продолжува со своите месечни анализи и коментари на состојбите во Македонија.

Овој значаен македонски гласник првпат од печат излезе на 2 ноември 1984 година, а потоа редовно секој 15-ти во месецот. Тој како македонски месечен информатор излегува и денес, a неговите страници се исполнети со текстови и фотографии од активностите и животот на Македонците во новата средина, како и голем број рекламни материјали од наши деловни луѓе што живеат во демократска и мултикиултурна Канада.

Весникот „Македонија“започна да го издава- издавачки колегиум на чело со Горнан Јовановски и Танас Јовановски. Првите три броја се печатени на осум страници на среден формат (29 х 43 см) што е задржан во понатамошниот период. Од четвртиот број се печати на дванаесет страници, а само неколку пати е печатен на осум страници. Уште од вториот број се среќаваат текстови на англиски јазик и голем број реклами. На вториот број во десниот агол е поместена фотографија на Грце Делчев. Од бројот десет, пак, не се печати повеќе етничката карта на Македонија.

Во овој  период од 38 години на печатењето во него учествувале со свои текстови бројни соработници од дијаспората и од Република Македонија, меѓу кои посебно место во почетните години имаа Петре Гиневски, Мето Јовановски, авторот на овие редови, Славе Катин.како и голем број други познати вљубеници во новинарството. Тие сите направија весникот „Македонија" да е еден од најзначајните гласила кој е на страната на македонските доселеници, на македонскиот народ, на македонската вистана и на Република Македонија

Весникот „Македонија“ ја сплотува македонската заедница во Канада преку страниците на црквите, во кои се објавуваат нивните месечни активности, тука се и редовните рубрики кои ја отсликуваат македонската заедница, а неретко се пренесуваат и извештаи и репортажи за настани од животот на Македонците во Канада и САД. 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Македонија – Голи Оток за Македонците

Тешко се движи проколнатиот “Пунат” кон крајната дестинација Голи Оток. Тажното брчење на ...

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е...

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.