Среда, 03 Ноември 2021   
Нова Книга: „Labyrinth of Truth“ - „Лавиринт на вистината“ од Оливера Јовановска

20211102

Нова Книга: „Labyrinth of Truth“ - „Лавиринт на вистината“ од Оливера Јовановска

Неодамна во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат на англиски јазик најновото прозно дело „ Labyrinth of Truth “ - „Лавиринт на вистината“ на поетесата и писателка Оливера Јовановска од Мелбурн, Австралија. Ова прозно дело беше објавено на македонски јазик во јули ова година и поради големата заинтересираност и кавалитетот на романот, авторката одлучи романот да го објави и на англиски јазик за пошироката читателска публика. Рецензент на романот е писателот Александар Донски.      

Резенцентот Донски ќе забележи дека романот првенец на Оливера Јовановска „Лавиринт на вистината“ „претставува интересно четиво во кое дефилираат различни карактери кои во различни животни периоди се составен дел од околината на централниот лик на романот Ели. Авторката на овој роман успешно ги обработила и претставила карактерните особини и психолошкиот профил на најважните експоненти во делото преку убедливо обработените меѓусебни сложени интеракции. Користи шеги, интриги, стари, поучни поуки, создава и оживува сцени, измислува места на дејства кои пластично ги елаборира за да биде романот интересен и занимлив за читателот“.

Целото дејствие на романот се врти околу ликот на главниот јунак, Ели, кој се следи уште од најраното детство, па сѐ до возраста кога постанала мајка на три сина, и до моментот кога ја запознава висинската љубов од нејзиниот живот. Ели е дете на разведени родители. Кога бракот се распаднува, двајцата парнери патат секој на свој начин, но децата патат повеќе – не добиваат подеднаква љубов од двајцата родители и поради тоа чувствуваат празнина не само во својата душевна наградба туку и од празнината која ја носат секојдневно со себе: на училиште, кога играат со другарчината, кога играат спорт, ја доживуваат првата љубов... Ели пати за мајчина нежност, иако до некаде ја добива од својата маќеа, но секако за неа тоа не е доволно и затоа се создава емотивна празнина што ја прави ранлива, што ја следи низ нејзиниот живот. Таа празнина се пополнува, во случајот со Ели, од нејзината баба Косана, која постојано ја учи на вредностите од христијанската вера и ја советува со старински мудрост,  кои подоцна ќе и помогнат како возрасна личност. Но и соседите имаат улога да ја заштитуваат како и нејзините другарки емоцијално да бидат со неа.

По долгата и мачна судска бракоразводна расправа нејзиниот татко го добива старателството, и Ели се наоѓа во лавиринти на  искушенија: детство без мајка, доживување и разочарување од првата љубов, преселба во Aвстралија, склучување брак, постанување мајка, развод, менаџирање на успешен бизнис и повторно заљубување... Тоа е тркалото на животот на Ели...македонската „Пепелашка“ која конечно го наоѓа својот „принц“ со кого (како во приказните) до денес живее во среќен брак.

Авторката Оливера Јовановска, според Донски, често користи архаизми, спомнува стари адети, народни мудрости и поуки најчесто искажани од устата на бабата Косана, па така како традиција низ генерации останале да се пренесуваат. Истовремено авторката успешно го доловува духот на моралните вредности (почит кон постарите и сл.). Авторката од неколку аспекти ја опсервира и разбира (како педијатар) психичката состојба на децата кои израснале во брак на разведени родители.

Пред нас се наоѓа  дело кое освен занимливиот и возбудлив наратив нуди и сериозни психолошки опсервации на опишаните ликови, кои можат да бидат од корист за секој читател. Вреди да се прочита овој роман кој се нуди на македоснки и англиски јазик и да се тргне по овој лавиринт кој со една или повеќе случки ќе допре до вас и ќе ве потсети на дел од вашиот живот.

Инаку Оливера е родена во Битола и живее во Мелбурн од 1986 година. Таа е автор на збирките поезија „Неостварена љубов“ (2020) и ,,Магични Љубовни Зборови“ (2021). Повеќе пати била наградувана за поезија и проза на конкурсот за Прличева награда од МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, а оваа година доби трета награда на Интернационалната поетска манифестација „Сплоти се Македонијо“. Некои од нејзините песни се интерпретирани од познати македонски интерпретатори.

Честитки за Оливера за нејзиното најново прозно дело „Labyrinth of Truth“ „Лавиринт на вистината“. Доколку некој има желба да го добие ова дело (на македонски или англиски јазик)  и да стапи во контакт со писателката Оливера, јавете се на следниот емаил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 1Dusan Ristevski Душан Ристевски-Македон

 

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.