Среда, 21 Февруари 2018   
Во архивите има многу докази за постоењето на македонскиот народ низ вековите

makedonskiot-narod-niz-vekovite

Во интерес на својата завојувачка политика поедини народи ги искривуваат историските факти, ги уништуваат доказите и фалсифукаваат нови докази се со цел за да го оправдаат присвојувањето на туѓи територии и нивното богаство Како победници тие пишуваат нова историја со која се присвојува културно наследство на окупираната територија.

Меѓутоа, злосторството, никогаш не може да остане вечно сокриено. Речиси секогаш на виделина се појавуваат скриените докази, кои децидно укажуваат кој е вистинскиот наследник. Од под пластот на дебела прашина во странските архиви, постојано се појавуваат документи кој ја побива фалсификуваната историографија на Србија, Бугарија и Грција дека не постои македонски народ.

Од едно старо писмо, напишано пред 250 години, гледаме дека грчката, српската и бугарската историографска наука лаже кога вели дека не постои македонски народ. Имено, во едно писмо на владиката Василиј Петровиќ, тој јасно ги набројува Македонците во ист ред со Србите, Бугарите и други балкански народи.

Во писмото испратено до рускиот гроф Шувалов, црногорскиот митрополит ја известува Русија дека „Албанците, Македонците, Бошњаците, Србите и Бугарите, сметајќи на заштита на Русија, ќе останат во својата вера, а доколку Црна Гора биде уништена и тие ќе ја изгубат надежта и ќе примат муслиманската вера.

Василиј Петровиќ – Његош (1709 - 1766) бил црногорски митрополит и владател.

Владеел заедно со Сава Петровиќ Његош. Согледувајќи ја непосредната опасност од Турците кои од сите страни ја опкружиле Црна Гора, тој побарал помош од Хабзбуршката монархија и Руската империја, со кои успеал да ги продлабочи врските.

На 15 јануар 1756 година, Василије го моли австрискиот цар да се завземе за заштита на Црна Гора и сите христијани, а Црногорците се ќе направат, како што и порано правеле за да помогнат. Василије и Сава заедно на 29 октомври упатуваат во име на христијанството и истата вера проглас до српскиот народ под Османска власт да не ги помагаат со оружје Турците кои тргнале на Црна Гора да ја поробат. Во декември истата година Црна Гора се нашла во уште полоша положба поради Венеција, кои во соработка со Турците ги затвориле сите патишта и на земја и по море.

Соочен со закана по опстанокот на Црна Гора, Василије одлучува да тргне во дипломатска офанзива и да бара помош од рускиот преставник во Риека грофот фон Кајзерлинг, грофот Бестјужев, Алексеј Разумовски и Иван Шувалов. Очигледно е дека неговата дипломатска активност дала резултати бидејќи на почетокот на 1757 година бил воспоставен мир меѓу Турците и Црногорците.

Во летото 1757 година, Василије неуспешно се обидел да воспостави добри односи и со Венецијанците. Поради тоа, тој повторно побарал помош од грофовите Шувалов и Бестјужев, жалејќи се дека Портата и Венецијанската република "се кренаа на нас", а славната Руска империја треба да знае дека "нашите христијански браќа, кои стенкаат како турски поданици -. Албанци, Македонци, Босанци, Срби и Бугари" гледаат "на наше покровителство и надеж за свое избавување".

Малку е познато дека во воспоставената преписката меѓу двете земји, во руските архиви постојат документи, каде во одговорот од руска страна се наведуваат меѓудругото и Македонците.

Црногорскиот митрополит кој барал високоцарска и серуска милост за својата татковина, починал во Русија на 10 март 1766 година.

Од неговата преписка со Рускиот двор за нас е важно што тој ги спомнува Македонците и Македонија. Како што се глада од писмото до Шувалов, владиката Василиј Петровиќ јасно ги набројува Македонците во ист ред со Албанците, Бошњаците, Србите и Бугарите. Со тоа тој ги побива грчката, српската и бугарската историографска наука кои измислуваа и лажеа, а некои сеуште лажат дека не постои македонски народ.

Ако тогаш било така, каде и зошто потоа исчезнале Македонците. Едноставно пропагандите на нашите соседи кои имаат територијални аспирации кон територијата на Македонија го бришат постоењето на македонскиот народ, а со тоа и природниот сопственик на таа територија.

Со преименувањето на македонскиот народ како Бугари, Срби или Грци, Србите, Бугарите и Грците се појавуваат како нивни наследници. Сепак, сите заборавиле дека Македонија има сеуште неодродени деца кои се вистинските наследници на нивните македонски дедовци и прадедовци. Тие нема да се откажат од македонскиот аманет и тестамент да се сочува македонштината.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Ако тоа не е мешање во внатрешните работи, тогаш не знам што може да се нарече мешање

Лавров: Русија не се меша за референдумот во Македонија за разлика од западните лидери

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.